Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од вишиот советник за избори, Стивен Мартин денеска во седиштето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) со претседателот на Советот на Агенцијата, Лазо Петрушевски и претставници на стручната служба разговараа за медиумското покривање и активностите на Агенцијата поврзани со претстојниот референдум.
Oд ААВМУ соопштија дека нивните претставници информирале дека со оглед на тоа што во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните нема прецизни правила за начинот на известување на медиумите и емитувањето јавна пропаганда, изготвени се нацрт-препораки, кои ќе бидат финализирани откако на 17 август ќе заврши јавната расправа.
Во однос на појаснувањето на ДИК за медиумите и медиумското претставување, Агенцијата го повторила својот став дека на сите заинтересирани субјекти треба да им се обезбедат еднакви услови за пристап до платената јавна пропаганда, со еднакви цени за сите. (МИА)