• Latest

Приказна за Али Баба и неговиот газда #Ж

March 4, 2016
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Приказна за Али Баба и неговиот газда #Ж

March 4, 2016 12:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Али Баба, ти и твоите разбојници набутавте партиски војничиња во институциите и јавните претпријатија. Немаше место за нив, па, или стојат поголем дел од работното време или се по дома, примаат седум-осумдесет отсто плата. Или во работно време продаваат компири од гепекот на службеното возило.

Пишува: Џабир Дерала

Пишува: Џабир Дерала

Поради тоа, Македонците ги сметаат Албанците за паразити, а Албанците се лути затоа што и понатаму не се претставени во институциите. Сите заедно, вклучувајќи ги и вашите Албанци, и понатаму молкум стојат во редови и плаќаат за сите партиски војничиња заедно. А и договорениот процент не го исполнивте, колку и да се трудевте, бидејќи вашиот газда на еден ваш, вработуваше десет свои. Македонците ве презираат, го знаете тоа, нели?

Но, болката што ја трпите, ја лечите со милионите заработени од тендерските провизии. Кога сакате повеќе, а сакате постојано, уште пониско ја веднете главата и ги спуштате своите панталони. Тоа се скапи панталони, па не се туткаат при соблекувањето…

Малото костимирано човече што гледа Хју Грант и сака да биде генерал Кастер, познато и по тоа што влече човечиња наоколу за врат и за уши, само попатно ве мрази и ве третира како Индијанци и племе. Сѐ друго правите самите.

Али Баба би урнал и цело село за да го задоволи својот газда #Ж. И тоа го нарекувате грижа за Албанците?

Ако ви беше до Албанците, ќе им обезбедевте достоинствено работно место на своите партиски војничиња кои ги набутавте во ќошињата на бирократијата. Патишта немаат ни вашите Албанци, ни „народот“ на газда #Ж.

Ако ви беше до Албанците, ќе им обезбедевте правда на осудениците во случајот Сопот. Ако ви беше до човекови права, немаше да имате стониран министер за правда, кој аминуваше сѐ што ќе каже газдата. Газдата #Ж, се разбира. Али Баба и неговите разбојници се само човечиња-војничиња.

Ако ви беше до Албанците, ќе им дадевте образование, барем малку подобро од она што го има вашиот министер Менделеев.

Ако ви беше до Албанците ќе им дадевте болници и лекари, ќе им дадевте воздух и вода, ќе им дадевте канализација. Немаше да дозволите да се гушат и дават во гомна.

Сакате да правите војна по налог на вашиот газда #Ж, за да го спасите вашиот и неговиот задник. Тоа им е јасно на сите, па и на оние што се во шаторите со вас. Тоа им е јасно и на оние што го креваат и го бранат крстот. Јасно им е и на оние кутри работници што го поставија двоглавиот орел пред тоа. Многу провидно, бре! Вие ставате орел, а вашиот газда веднаш става крст. Како што вели логиката и на анонимниот мудрец, автор на графитот „Љубчо ни стави крст, Никола ни крена споменик“, така и вие и вашиот газда си играте – вие орел, тој крст. Сакате сите да нѐ закопате? Така изгледа.

Споменик - Двоглав орел
Тоа убаво девојче, школувано по странски школи, редно е да каже со што тоа „вечните во партијата“ ве натера да бидете понизни слуги, прислужници на бесчовечноста. Да бидете консилиери и лижачи на чизми.

А тој, газда #Ж да мава со клоци, да граба, затвора и убива.

Немаше командантите кои се колнеа во орелот сега да се разбегани по светот или два метри под земја, а оние што се колнеа во лавчето и сонцето да коленичат во мрачни и смрдливи дупки, душкајќи по отпадоците од вашата заедничка гозба.

Ако вам и на вашиот газда #Ж ви беше до „народот“, што и да ви значи тоа, немаше тој ист народ да гладува и чезнее по Европа.

Ако на газда #Ж му беше до „народот македонски“ кој го повикува да се размножува по секоја цена, за да му парира на „племето индијанско“, немаше да умираат родилки и бебиња во болниците на ужасот.

Ако на газда #Ж му беше до народот, немаше да го затвори во гротескниот кафез од гипс и решетки од барокни столбови, а живиот човек да биде поевтин од ламарините за знаци и патокази. Немаше да крене налудничави, мртви споменици, а да го згази достоинството на живите луѓе. Немаше децата да ги претвори во мелено месо, а работниците во робови.

Послушници без срам и перде, разбојници без чест, тоа сте вие! И едните и другите. Не можете никого да излажете. Затоа, пуштете ги децата дома и соочете се со правдата. Ова што го правите, нема да ви помине. Не повеќе.

Tags: #ЖколуманаЦивилЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ