• Latest

Приватните специјализанти бараат решавање на нивниот економски статус

May 9, 2018
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Приватните специјализанти бараат решавање на нивниот економски статус

May 9, 2018 15:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Приватните специјализанти во писмо кое го упатиле до премиерот Зоран Заев бараат да се изнајде конструктивно решение за сите нив и да им се обезбеди плата.   

– И покрај недостатоците на нашиот систем, сé уште има млади ентузијасти кои сакаат да останат во својата земја и својот професионален пат да го продолжат во Македонија. Од информациите што ги добивме од министерот и Министерството за здравство, една третина од околу 100 доктори на приватни специјализација неправедно се исклучени од земањето на плата. Имено, долгоочекуваното решение за овој горлив проблем за специјализантите од страна на Министерството е исплата на плати само за селектиран број на приватни специјализанти, наведуваат приватните специјализанти.

Прашањето околу решавање на економскиот статус на специјализантите, посочуваат, е особено сензитивно сега, во време кога се повеќе млади доктори ја напуштаат државата во потрага по вреднувањето кое го заслужуваат.

– Минималните трошоци, кои секој специјализант ги покрива за една приватна специјализација чинат помеѓу 8.000 и 13.600 евра. Специјализациите во просек траат пет години за време на кои дипломиран доктор специјализант не прима никаков паричен надоместок за својата работа. Но, дали Министерството за здравство вистински се труди да не задржи дома или повторно се повторуваат грешките од минатото за деградација и фрустрација на иднината на медицината на Македонија, прашуваат приватните специјализанти.

Тие истакнуваат дека на седницата на Собранието официјално од страна на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче било соопштено: „Го исполнивме ветувањето и за исплата на приватните специјализанти. Сите оние кои досега работеа за беспари, за месец март ќе бидат исплатени со просечна плата на здравствен работник”.

Според ова, потенцираат тие, исплатата на плати би требало да важи за сите приватни специјализанти.

Прашуваат кои се докторите кои ќе земат плата и додаваат дека за исти потпишани договори различно се вреднува трудот на докторите кои приватно специјализираат под исти услови на Клиниките и Институтите во Скопје.

– Цела генерација од речиси 100 доктори е изоставена од ова право на исплата на плата за вложениот труд на Клиниките. Форсирањето за исплата на парични средства само за одредена група доктори е дискриминаторско. Ваквото решение претставува девалвација на трудот и личноста на докторите кои решиле останат во татковината! И покрај остварените спредби со Министерот и работната група во Министерството со цел изнаоѓање на конструктивно решение за сите приватни специјализанти, оттаму не нудат конкретно решение на овој проблем, посочуваат приватните специјализанти.

Според нив, вреднувањето само на одделни доктори на приватна специјализација е комплетно неправедно и би можело да служи како понатамошен поттик за продолжување на својата кариера во земји каде што истите ќе бидат вистински ценети.

– Плата мора да има за сите приватни специјализанти… Друга опција не прифаќаме, истакнуваат приватните специјализанти.

Во писмото бараат од премиерот да се овозможи правичност и еднаквост за сите доктори на приватна специјализација и да се стави крај на деградацијата на докторската фела. (МИА)

Tags: Венко ФилипчеЗоран ЗаевМинистерство за здравствоСобрание на Република Македонијаспецијализанти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ