• Latest

Продолжува расправата за најжешките теми

July 20, 2018

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Продолжува расправата за најжешките теми

July 20, 2018 15:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерската средба, која се одржа вчера, продолжува вo недела навечер или понеделник наутро.

Учесниците на вчерашната лидерска средба не постигнаа договор, но како што изјавија по завршувањето на состанокот за некои прашања се приближиле, но за некои имало потешкотии во изнаоѓање заеднички став.

Заев потенцира дека компромиси не може да се прават околу стратешките цели на Македонија – влез во ЕУ и НАТО и за амнестијата, додека Мицкоски побара европско однесување не само на зборови, туку со дела.

Мицкоски по завршувањето на лидерската во изјава пред новинарите нагласи дека е разговарано за теми кои веќе и се познати на јавноста, а се дел од преговорите од март-април.

„Ја користам оваа прилика да кажам определен мој впечаток којшто не се темели на чувства, туку на заложби на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се вистинските европски вредности и принципи, а не само декларативни заложби. Доколку навистина се стремиме кон европските вредности и принципи така треба и да се однесуваме и истите заложби да ги применуваме во дело. Тоа подразбира почитување на законите и на Уставот и да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните односно да се поставуваат повеќесмислени прашања за круцијални теми за кои ние како граѓани сме загрижени за иднината на оваа држава“, посочи Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, по завршување на синоќешниот состанок на Извршниот комитет на партијата, соопшти оти останува на своите ставови дека пред секои избори треба да се избира техничка влада и побара реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите.

„Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја продолжи седницата на која единствена точка на дневен ред се предлог измените на Изборниот законик, кои се носат по скратена постапка. На седницата треба да бидат разгледани 401 амандман поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата, започна вчера, во тензична атмосфера. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа таа да се одложи од деловнички причини бидејќи не биле архивирани ниту преведени поднесените амандмани. Претседателот на комисијата Артан Груби, сепак, ја отвори седницата и најави дека ќе закаже продолжение штом бидат преведени амандманите.

Комисиската расправа треба да заврши денеска, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.

Со измените се предвидува избор на членови на ДИК да се изврши со 61 пратеник, наместо со двотеринско мнозинство. ДИК треба да го организира спроведувањето на референдумот кој е обврска од Договорот од Преспа.

Управителот на компанијата „Трансмет“ Сеад Кочан денеска во Кривичниот суд Скопје е осуден на шест години затвор за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, односно дека со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра, за што го товареше Специјалното јавно обвинителство.

Второбвинетиот Василие Авировиќ, во свпојство на управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ за истото дело доби три години затвор. Тој денеска не присуствуваше на изрекување на пресудата бидејќи не се чувствувал добро.

А. П. 

Tags: Влада на Република МакедонијаВМРО-ДПМНЕДржавна изборна комисијаЕУЗоран Заевлидерска средбаНАТОХристијан Мицкоски
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ