ИНТЕРВЈУ со проф. д-р Трајан Гоцевски, член на Советот за безбедност на Престседателот на Република Северна Македонија.
„Македонски безбедносни лавиринти“, најновиот тритомен труд на професор Трајановски е непосреден повод за интервју за Цивил Медиа. Но професор Гоцевски е и првиот цивилен министер за одбрана на независна Република Македонија, креатор на Македонската армија, во два наврати и член на Советот за безбедност при Претседателот на државата.
Со професор Гоцевски разговараме за неговиот најнов труд, за трновитиот македонски пат до НАТО, за актуелните безбедносни состојби во светот, за состојбите во Алијансата, за рефлексиите врз безбедноста на Република Северна Македонија, за актуелната авганистанска криза, за бегалците оттаму, за хуманиот аспект на одлуката на македонската влада привремено да вдоми авганистански граѓани и за евентуалните опасности од инфилтрирање на радикални структури.
Интервјуто со професор Трајан Гоцевски го води Зоран Иванов.