• Latest

Прогнози за 2016 и препораки за делување

February 18, 2016
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC news Australia

Десетици баратели на помош меѓу 82-те лица убиени во израелските напади врз Газа вчера; На децата им се заканува смрт од жед

June 21, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Ирански ракетен напад на Тел Авив. Фото: Скриншот, Ал Џезира

Иран и Израел разменија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

June 21, 2025

Трамп вели дека е многу тешко да се побара од Израел да престане со бомбардирањата во Иран

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прогнози за 2016 и препораки за делување

February 18, 2016 15:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

1.Поради различни прекршувања на крајните рокови утврдени во договорот од Пржино поврзани со краткорочни реформи во институциите, реформи во медиумите, редефинирање на официјалниот Избирачки список[1], подобреното функционирање на Државната изборна комисија, започнувањето на функционирањето на кабинетот на Специјалното обвинителство….– постојат сериозни разгледувања кај опозицијата и во некои меѓународни кругови дека изборите треба да се поместат на подоцнежна дата во 2016 година. Меѓутоа, оваа можност, силно се негира од Владата која тврди дека тоа би претставувало причина за поништување на целиот договор.

Сепак, оваа дилема најверојатно ќе биде отворена откако сегашниот премиер ќе поднесе оставка и ќе дозволи почеток на функционирање на техничка влада во средината на јануари 2016.

Video-kolumnë: d-r Saso Ordanoski

Пишува: д-р Сашо Орданоски

2. По разгледување и споредување на резултатите од неколку јавни анекти кои беа неодамна спроведени во Македонија[2], постојат неколку синтетички заклучоци кои би можеле да помогнат во предвидување на краткорочните и среднорочните политички развивања во земјата:

  • Во сите јавни анкети, ВМРО-ДПМНЕ води во партискиот рејтинг со разлика од околу 100.000 гласачи, во однос на СДСМ. Постои тренд на гласачи кои го “напуштаат” наративот на ВМРО, но сé уште не одлучиле – дали ќе гласаат на следните избори – кого друг да поддржат;
  • Во моментов, околу 40% од испитаниците не сакаат, не знаат или не сакаат да се изјаснат дали би гласале на наредните избори.
  • Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има најдобар, но релативно низок рејтинг помеѓу општата јавност во Македонија – неговиот рејтинг е многу подобар кога етничките Македонци се опфатени со анкетата. Личниот рејтинг на лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев се зголемува со бавно темпо.Screenshot 2016-01-24 14.51.51
  • Ставот меѓу мнозинството етнички Македонци во споредба со ставот на СИТЕ етнички Албанци за политиките на Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се драматично (100%) спротивни. Јасно е дека Груевски, лично и во помал дел, и неговата ВМРО-ДПМНЕ се најважниот фактор за етничка поделеност во земјата.

Владата има видливо помала поддршка во јавноста отколку ВМРО-ДПМНЕ – најголем дел од поддржуачите на Владата повеќе го ценат поимот на партија-држава околку државните институции. Се чини дека државата се третира како многу голема “невладина организација“ населена од партијата на власт.

  • Мнозинството на анкетирани граѓани сметаат дека Владата ја води државата во погрешна насока.
  • Поголемиот број на етнички Албанци би поддржале (пред изборна или постизборна) коалиција меѓу партии кои претставуаат етнички Македонци и етнички Албанци во земјата, само за да го симнат ВМРО-ДПМНЕ од власт.
  • Рејтингот на владеачката албанска партија ДУИ е сé уште најголем меѓу албанските партии во земјата, но значително нарушен како резултат од нивното учесво во сегашната влада со ВМРО-ДПМНЕ. Понатамошниот статус на ДУИ во јавноста зависи повеќе од тоа што би направиле другите албански партии, отколку што би направиле атаиот ДУИ.
  • На секој еден етнички Македонец кој е спремен за компромис во однос на “прашањето со името“ со Грција, како услов за македонската интеграција во ЕУ и НАТО, постојат тројца етнички Македонци кои не би поддржале интеграција во ЕУ/НАТО ако условот за тоа е промена во името на “Република Македонија“.
  • Македонските граѓани имаат поголема доверба во странските, отколку во домашните институции.
  • Постои висок степен на “авторитарна наклоност” меѓу јавноста која поддржува повеќе “дисциплина” и “ред”, отколку “слобода” и “демократија” како општествено вредни концепти.
  • Значаен број на испитаници мислат дека гласачките практики во земјата не се во тајност, како што е загарантирано во Уставот. (Најверојатно истото важи и за анкетите…)
  • Преку споредба на одговорите со контролирани прашања во некои од анкетите, постои значителен број на испитаници (10%-20%) кои свесно или ненамерно лажат, или се обидуваат да го сокријат своето вистинско мислење во одговарањето на прашањата од анакетата.
  • Огромен број на испитаници (повеќе од 90%) слушнале за “опозициските бомби” и за содржината на пресретнатите телефонски разговори. Сепак, значаен број на тврдокорни подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да веруваат на она што го гледаат и слушаат.

3. Очигледно, постојат доста добри причини зошто ВМРО-ДПМНЕ би инсистирало изборите да се одржат што е можно поскоро, земајќи ги во предвид изборните “профити” кои ги добиваат, додека државните институции се високо партизирани, државните ресурси им се на располагање, а пошироката јавност е “збунета” под нивната цврста пропагандна контрола. Секое одложување би оставило повеќе време за Специјалното обвинителство, да процесира обвиненија против оние кои се инволвирани во криминални активности, во пресретнувањето на телефонските разговори – и “инволвираните” се сите од премиерот надолу! Од политичка гледна точка, ВМРО-ДПМНЕ би можел да добие поддршка како резултат на можни безбедносни закани на државата, особено поврзани со дестабилизација на меѓуетничката состојба во земјата – и меѓународната криза со миграните, со муслиманските религиозни аспекти – кои би биле моќен националистички засилувач на нивните изборни надежи.

СДСМ, од друга страна, е склон кон оддолжување на изборите бидејќи имаат потреба од време за да ги “нормализираат” изборните институции, да воведат доволно ниво на контрола и рамнотежа врз изборните процеси и да го намалат бројот на клиентелата во општеството поврзан со сегашната ВМРО-ДПМНЕ/ДУИ Влада. Исто така, тие очекуваат да видат конкретни резултати од работата на Специјалниот обвинител, што би требало да се одрази со намалување на постоечката јавна поддршка за нивниот главен политички противник. СДСМ имаат значително помалку пари, медиумска поддршка и други ресурси во споредба со изборниот потенцијал на ВМРО-ДПМНЕ. Но, имаат значително поголем капацитет за пред/пост-изборна коалиција со било кои етничко-албански претставници.

Меѓу албанските политички партии работите се дури и покомплицирани: ДУИ имаат изгубено многу од подршката, но сé уште се најголемиот фактор меѓу гласачите. Нивните противници, збир на помали политички партии и граѓански иницијативи, имаат шанса од “еден обид” да станат позначаен елемент во македонската изборна загатка: да се обединат во заеднички фронт и да ја предизвикаат позицијата на ДУИ на следните избори. Без обединета изборна платформа немаат значајна шанса за освојување значаен број на пратеници во следниот состав на парламентот. Исто така, ако се обединат, ја зголемуваат својата атратктивност за мулти-етничкка изборна коалиција со СДСМ – кога и доколку се случи.

DSCN5013

Независното, либерално-ориентирано движење на македонското граѓанско општество, високо активно и полно со енергија во првата половина од 2015, изгуби многу од својот ентузијазам и иницијатива. Голем бран на миграција од Македонија во последните 5-10 години, кој брои стотици-илјадници граѓани (околу 20%-25% од вкупниот број на македонското население од 2 милиона), влијаеше на најумните, најдобро едуцираните, активни и најчесто млади граѓани – оние кои беа склони кон иницијативи и подржуваа промени во општеството. Без оваа социјална и политичка маса, македонското општество изгледа дека е придвижено повеќе кон конзервативни, клиентелистички и “статус кво” политички идеи, оние кои повеќе ценат стабилност и ред, отколку демократија и слобода во општеството.

ПРЕПОРАКИ

Имајќи ја предвид комплексноста и длабочината на моменталната македонска политичка криза, постојат општи области и конкретни прашања кои треба и може да бидат решени од страна на не-државни меѓународни учесници, со цел да се отстранат било какви понатамошни компликации  и истите да се намалат на краток и среден рок, како и да се избегнат негативните ефекти:

  • Улогата на меѓународната заедница во Македонија – ЕУ и САД, но, исто така, и највилјателните држави од ЕУ – е значајна за понатамошен развој на демократијата во Македонија и за позитивен исход од Договорот од Пржино. Ова е особено точно, ако се земат предвид зголемените дипломатски и други активности на Русија на Балканот, особено меѓу државите кои не се членки на ЕУ и НАТО. Да се задржи вниманието и интересот за македонските случувања на што е можно повеќе луге-пратеници, новинари, политичари, политички аналтичари и други креатори на јавното мислење – од главните градови на ЕУ, е од особено значајно за успехот на договорот од Пржино.

Untitle

  • Успехот од работењето на Специјалниот јавен обвинител при обработка на криминалните обвиненија, поврзани со сите случаи иволвирани во скандалот со прислушкувањето, е од витално значење за враќањето на јавната доверба и правната рамка на целокупните македонски државни институции. Било која помош која се однсеува на работата на ова извонредно правно тело, или на ефектот од неговите активности – особено за време на судските процеси на случаите во услови на многу ниско јавно почитување на судскиот систем во Македонија – ќе ја одредат иднината на владеењето на правото во земјата.
  • Политичка, финансиска и морална поддршка на граѓанското општество, на лично, проектно и организациско ниво, ќе му овозможи на овој многу важен аспект во македонската демократија, да ја продолжи својата улога на следење, анализирање, консултирање, алармирање и протестирање, во однос на демократски отстапувања, погрешни практики и лошо владеење во земјата. Македонската политичка загатка не треба да се остави само на политичките партии и нивните актери во општеството.
  • Слободата на печатот и слободното јавно изразување на различните мислења, останува една од најчувствителните области на понатамошниот развој на македонската демократија. Нулта толеранција за говор на омраза, лични закани, правни притисоци и злоупотреба на јавни средства за политички цели во медиумите, треба да останат во фокусот на разни напори во решавањето на македонските проблеми.
  • Деескалација на какви било закани по безбедноста и меѓуетничката стабилност во Македонија, вклучувајќи ги и можните компликации со приливот на бегалци од Блискиот Исток, останува како еден од најголемите приоритети на земјата. Македонија е една од ретките земји на Балканот чија внатрешна безбедносна криза има тенденција на ескалирања и проширување во регионален контекст, а не на потиснување во внатрешноста на сопствените граници. Оваа карактеристика ја прави многу лесна цел за оние меѓународни фактори кои би сакале да го видат регионот и делови на европскиот континент дестабилизирани и кои се вклучени во долготрајни политички и безбедносни кризи.

(Крај)

[1] Македонскиот официјален Избирачки список, моментално брои повеќе од 1.8 милиони официјално регистрирани гласачи, иако земјата има нешто повеќе од 2 милиона жители. Овој абнормално висок број на гласачи – што е резултат на политичка неспособност да се провери и да се ажурира Избирачкиот список – овозможува најразлични злоупотреби и манипулација со изборите.

[2] За целите на оваа анализа разгледавме резултати објавени од јавни анкети спроведени од Македонскиот центар за европско образование  (Еврометар 2015) од мај/јуни 2015; анкети на Брима-Галуп спроведени во јуни 2015; анкета на  Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена во септември/октомври, 2015; и резултати од необјавени анкети спроведени во ноември 2015 за приватен клиент од истакната фирма за односи со јавноста во Македонија.


Експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода во состав на своите редовни активности, подготви нови, опширни правно-политички анализи за политичките состојби, за кризата и за изборниот процес во Република Македонија. Д-р Сашо Орданоски во декември подготви една опширна анализа под наслов „Македонија: Земјата на пропуштени демократски можности“ во која ја анализира севкупната општествено-политичка состојба во Република Македонија на подолг рок. Основа за оваа анализа се долгогодишните опсервации на Орданоски, како и големиот број извештаи од набљудувањето на ЦИВИЛ од крајот на 2014 година наваму.
Анализата на д-р Сашо Орданоски ја објавивме во четири продолженија (Македонија: Земјата на пропуштени демократски можности, Чекајќи го „второто полувреме“од 2001, Кризата во 2015: Македонија како во шпионски трилер), а паралелно со тоа ќе ги подготвиме за објавување и останатите анализи кои за ЦИВИЛ ги подготвија Александра Јозиќ-Илековиќ (Република Хрватска) и Сандра Гавриловска.
Врз основа на овие анализи, како и експертските анализи и препораки на ЦИВИЛ во изминатиот период, организацијата ќе се обиде да го даде својот придонес кон создавање услови за одржување слободни избори и надминување на политичката криза во Република Македонија.
Анализите и препораките кои ЦИВИЛ ги подготви во овој период се дел од активностите на проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализавмроДУИЕУ САДЗоран ЗаевНикола ГруевскиСашо ОрданоскиСДСМСЈОУставЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ