• Latest

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

October 12, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми

October 12, 2023 15:09
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедување на интегритет на информациите кои се пласираат во онлајн просторот и спречување на ширење на дезинформации, говор на омраза и дискриминација по било која основа, преку поставување на основни стандарди на етичко и професионално однесување на субјектите кои се директни учесници во изборниот процес, е целта на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.

Кодексот е достапен на веб страницата izborenkodeksonline.mk и е изработен на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во соработка со релевантните институции и експертска помош од ОБСЕ/ОДИХР.

Почитувањето на Кодексот е на доброволна основа и не е замена за постоечките законски правила и прописи, а следењето на неговото почитување ќе го прави координативно тело формирано исклучиво за таа намена од претставниците на Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата Метаморфозис.

Директорот на АДМУ Зоран Трајчевски посочи дека дигиталните трендови донесоа нови предизвици, но додека со Изборниот законик опфатени се електронските медиуми и интернет порталите, медиумската легислатива од друга страна се уште не ја препознава оваа категорија на медиуми, односно не е направено хоризонтално усогласување на изборната и на медиумската легислатива.

–  Се поголемото дигитализирање на општеството доведе до отворање на нови можности за пребарување, прием и ширење на информации, идеи што е суштински неизоставен дел на изборите, меѓутоа она што загрижува е злоупотребата на дигиталните технологии и фрагментација на комуникациската околина. Дигиталното опкружување донесе нови трендови и бројни предизвици – новите тактики за политичко рекламирање, водење кампањи и финансирање, пласирање нецелосни, неточни или злонамерни информации, изјави Трајчевски.

Целта на Кодексот, посочи Трајчевски, е да послужи како насока за добро однесување на директните учесници и на сите други субјекти кои можат да имаат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на изборните процеси и референдум.

– Се надевам дека Кодексот ќе наиде на добар прием кај сите оние на кои се однесува, дека ќе се зголеми свеста за принципите и стандардите посочени во него, како и дека ситите ќе се почитуваат, изјави Трајчевски.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека очекува тој да овозможи амбиент со повисоки морални, етички и професионални норми.

–  Степенот на демократија во една земја се вреднува според слободата на медиумите. Онлајн медиумите и онлајн просторот општо, а особено во нашата земја, се пред предизвик за нивно позиционирање како професионални субјекти, како ресурси во различни делови на законот, изјави Алиу.

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ Килиан Вал порача дека медиумите го образуваат наративот и служат како форум каде поединците и политички партии може да комуницираат и разменуваат пораки и програми, особено за време на избори.

– Медиумите од друга страна имаат одговорност да се осигураат дека лажните наративи не се промовираат, дека фактите се проверуваат и потврдуваат. Дека нереалистичните ветувања веднаш ќе се детектираат и оспорат и дека темите, критички ќе се дебатираат. Ова бара високо квалитетно истражувачко новинарство и новинарска независност. Новинарите мора да бидат слободни да известуваат и коментираат за прашања од јавен интерес, без да се ограничуваат и плашат од казна. Новинарите мора да работат независно и безбедно додека ги покриваат изборите, порача Вал.

За возврат, за ваквите слободи, посочи Вал, новинарите мора да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди и да се саморегулираат.

Tags: изборикодексонлајн медиуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ