• Latest

Протест: Културата не ја трпи тортурата!

April 26, 2016
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протест: Културата не ја трпи тортурата!

April 26, 2016 18:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), денеска во 13,30 часот, организираше мирен протест пред зградата на Министерството за култура.. Протестот започна со изведба на македонската химна, а синдикалците пред Министерството носеа транспаренти: „Ние сме носители на културата“, „Конзерваторските центри не се јавни куќи“, „Конзерваторите заштитуваат нешто највредно, а се платени најбедно“, „1 судија = 4 доктори на науки“, „Музеите не се дупки за глувци“, „Даватели на јавни услуги вработени во сектор – државна проституција“…

DSC_0309

„Вработените во институциите од културата го искажат својот револт за донесувањето на измените во Законот за културата од 2014 година, во кои се предвидени забрани, казни, рестриктивни мерки се со цел да се гуши уметноста и луѓето да бидат контолирани секаде и секогаш. Тоа нема да го дозволиме, кој и да дојде на власт, во првите 100 дена да го повлече законот, во спротивно, сите синдикални организации ќе стапат во штрајк! Ако за министерката за култура е достоинствено за еден виолинист, којшто се изградува од 5-годишна возраст и се гради во готов продукт – 20 години, да има нешто над просечна републичка плата, како најголем дел вработени во културата, тоа е срамно“, изјави Виктор Илиески, претседател на СКРМ.

DSC_0317

Тој истакна дека протестираат и за ниските плати, за недонесувањето на нов колективен договор за културата повеќе од 10 години, за ангажмани на вработените во културата надвор од матичните установи без соодветни дневници. Протестираат и за неисплатување на теренски додатоци по основ на одвоен живот, на отежнати услови за работа, на изложеност на надворешни влијанија, за невалоризирање на стекнатите стручни звања и нивна исплата, како и за забрзаното спроведување на систематизациите во институциите од културата.

Илиески нагласи дека овој протест нема политичка тенденција и дека не е организиран од политичка партија, ниту има било каква поврзаност со актуелните политички случувања во Република Македонија. Протестот е исклучиво од синдикален карактер чија цел е барања за подобри услови на вработените од културата во Република Македонија.

Пред Министерството за култура уметниците со своите инструменти свиреа хаотично, за илустративно да докажат колку е хаотичен Законот за култура. За време на протестот е слушнаа и песните „Сé е под контрола“ од Тони Зен и „Како је лепо бити глуп“, од „Рибља чорба“.

Tags: МакедонијаМинистерство за култураПротесттортураЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ