• Latest

Протест – притисок или услуга за власта

January 15, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Протест – притисок или услуга за власта

January 15, 2018 14:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Протест е форма на изразување на незадоволство на граѓаните за одреден општествен проблем, кон кој власта има индиферентен однос од различни причини и тој може да се манифестира на различни начини.

Пишува: Илија Балтовски

Повод за овој текст е протестот против загадувањето кој беше организиран на 14.01.2018 година пред Владата. Имено, како што беше пренесено во медиумите, протестот помина со незначително присуство на граѓаните, со што се доведува во прашање и потребата од негово организирање, иако сите сме свесни колкава потреба имаме да го бараме нашето загарантирано уставно право на здрава и чиста животна средина во најзагадената држава во Европа и пошироко. Тогаш, каде е проблемот за толку мал одѕив кај граѓаните?

Со сета почит кон организаторот и без трошка сомнеж во неговите искрени намери, ќе наведам неколку причини.  Во најмала рака, наивно е да се очекува  поголемо присуство на граѓани на еден ваков протест со најава на истиот со обична објава на еден Фејсбук настан. Исто така, во ваков склоп на политички настани во државата, кога јавноста е оптоварена со носење на еден закон, кој е топ тема во последната година, како и самиот факт дека протестот е организиран на еден од најголемите христијански празници кога семејствата се собираат заедно да го поминат овој ден, илузорно е да се очекува поголемо присуство на граѓаните. Тоа е исто како Вардар да му гостува на Реал Мадрид и да очекувате резултат од 0:3.

Протестот бара поголеми подготовки, потребно е време кое ќе се искористи за промоција, потребен е совршен тајминг, тој мора да има некаква цел, некакви конкретни реални барања кои ќе бидат искажани на истиот, организаторот мора да има подготвено неколку говорници кои имаат своја „тежина“ во проблематиката за која се организира протестот, комуникацијата со медиумите е клучна при подготовка на истиот, итн.

Иако решавањето на проблемот за кој се протестираше е од приоритетно значење за граѓаните, се покажа дека граѓаните немаат изградено висока свест по вакви прашања. Исто така, изгубена е и довербата во голем дел од невладините организации и активисти, по нивното влегување во извршната и законодавната власт, како и инерцијата на создаден страв за јавно искажување на несогласување и револт, како последица на владеењето на претходната власт.

Факт е дека оваа власт покажува интерес, барем да ги сослуша барањата и понудените решенија од страна  на граѓаните и граѓанските организации во однос на овој проблем, но тоа секако не е ни од далеку доволно за суштинско решавање на проблемот. Потребна ни е државна стратегија во која ќе бидат вклучени сите министерства, локални самоуправи, државни капацитети, невладини организации и експерти, домашни и странски, во која во разумни рокови ќе се превземаат низа активности за подобрување на оваа состојба која е на ниво на елементарна непогода.

А во случај на елементарна непогода се прогласува вонредна состојба и се формира кризен штаб. Затоа е потребен посериозен пристап кон организирањето на вакви протести, ако сакаме да извршиме значителен притисок за „прогласување на вонредна состојба и формирање на кризен штаб“.

Во спротивно, правиме „услуга“ и даваме простор за одлагање на решавањето на еден ваков суштествен проблем.

Tags: загадувањеИлија БалтовскиПротест
Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ