Околу половина милион Кипарци денеска ќе гласаат на претседателски избори, на кои фаворит е актуелниот претседател, Никос Анастасијадис.
Негови противкандидати се Николас Пападопулос од Демократската партија на десниот центар, инаку син на поранешниот претседател, Тасос Пападопулос, и комунистичкиот кандидат Ставрос Малас.
Во изборите учествуваат и поранешниот министер за надворешни работи Јоргос Лиликас и националистичкиот кандидат Христос Христу, а освен економијата, главна тема се преговорите за обединување на грчкиот и турскиот дел на островот.
Д.М.