• Latest

Прв чекор кон Европа

June 20, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прв чекор кон Европа

June 20, 2018 15:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието со 69 гласови „за“ и ниту еден против, го усвои Законот за ратификација на Договорот за решавање на името што го потпишаа Македонија и Грција. Ратификацијата на Договорот  помина мирно и не беше проследена со протести.

„Денес се раѓа ново сонце на слободата, правичното сонце на еднаквоста и исполнување на сонот за евроатлантска Македонија“, рече пратеникот на ДУИ, Артан Груби на собраниската седница за ратификација на договорот со Грција.

Северноатлантскиот совет, пак, денеска донесе едногласна одлука да ја стави точката за покана на Македонија во НАТО на самитот на Алијансата на 11 и 12 јули во Брисел. Оваа вест премиерот Зоран Заев ја објави од собраниската говорница. Тој истакна дека со оваа одлука на Советот се остваруваат вековните аспирации на сите генерации пред нас и на сите граѓани на Македонија.

По ратификацијата на договорот во Собранието, тој е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој денеска упати остра реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев, во кое вели: „Го повикувам г. Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент. Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци“.

Парламентарното собрание на советот на Европа (ПССЕ) го поздрави договорот за името и напомена дека граѓаните треба да го изразат своето мислење на референдум, а институциите да не го опструираат.

„Се работи за историски договор. Ние ја поздравуваме добрата волја и храбрите чекори што беа преземени од двете земји членки на Советот на Европа, со што тие дадоа вистинки вреден придонес кон стабилноста на целиот регион“, рече норвешката пратеничка.

Денеска е Светскиот ден на бегалците. По тој повод организацијата „Репортери без граници“ предупреди дека властите користат разни методи за да го опструираат медиумското известување за мигрантската криза као што се закани, заплашувања, апсења, прогон, неиздавање дозволи, одбивање барања за интервјуа, одземање опрема и депортација.

ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија. Работилницата „Каква Македонија сакам?“ со претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиуми, активисти и заинтересирани граѓанки и граѓани ќе се одржи утрен во општинската сала во Велес, со почеток во 12 часот.

Во фокусот на јавноста деновиве се лажните вести и справувањето со нив. По тој повод Младинскиот Образовен Форум оддржа работилницата насловена „In video veritas“, во просториите на Општина Велес и имаше за цел да ги информира младите за тоа што се дезинформации, како да ги препознаат, на кој начин можат да се информираат себеси како да прават разлика помеѓу информации и дезинформации, и да ги поттикнат да размислуваат зошто истите се штетни.

„Лажните вести се издигнаа и добија на обем со претходната власт. Лажни вести ги имало од секогаш но никогаш толку многу како што ги имаше на почетокот на оваа деценија кога се соочивме со недемократскиот идентитет на претходната власт. Овие лажни вести кои се појавија во периодот, дека  на протестите имаше судири со полицијата беа сузбиени релативно брзо. Причината за тоа е што за разлика од порано, лажните вести веќе не доминираат во јавниот дискурс“, вели за ЦИВИЛ Медиа, Владимир Петревски од Македонски сервис за проверка на факти во медиумите.

Д.М.

Tags: МакедонијаратификацијаЦивил
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ