• Latest

Прва дебата за новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата

July 20, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прва дебата за новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата

July 20, 2018 12:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

До крајот на годинава треба да биде донесен закон за остварување на јавниот интерес во културата кој, според ресорното министерство, е вториот најважен документ по усвојувањето на Националната стратегија за развој на култуата 2018-2022. 

– Стариот Закон за културата наполни дваесет години и досега беше менуван 16 пати. Културната јавност многупати констатираше дека тој е веќе анахрон и не ги одразува новите барања во нормирањето на културата во Република Македонија. Дури, во извесна мера, тој закон се покажа ретрограден во однос на некои решенија и спротивен на заложбите и барањата на културната јавност, рече министерот за култура Асаф Адеми на отворањето на првата јавна дебата за Предлог-законот на која присуствуваа претставници на установи од културата.

Посочи дека во предлогот се вградени некои сугестии што ги добиле додека текстот на предложениот закон беше поставен на веб-страницата на Министерството за култура. Ги повика учесниците да му пристапат сериозно на предложениот закон со кој се поврзани и планираните реформи што произлегуваат од усвоената Стратегија.

Адеми нагласи дека со новиот закон ќе се воспостави нормативната рамка што ќе обезбеди стимулирање, помагање и унапредување на културата во државата и дека се добредојдени сите предлози од културните работници и установи. Ги повика да бидат поангажирани во процесот на креаирање на законот.

Златко Теодосиевски, координатор за законот  и посебен советник на министерот за култура, ги соопшти најважните новини. Меѓу нив е укинување на функцијата уметнички директор, наместо кој се предлага програмски совет како управувачко тело во националните установи од културата.

– Уметнички директор е нешто што не профункционира во изминативе години, за што имаше многу забелешки од институциите и од директорите. Така што, мислевме дека ова ќе биде некоја замена или учество во конципирањето на програмата од советодавно тело на директорот, изјави Теодосиевски.

Исто така, рече тој, се предлага и проширување на опфатот на категоријата самостоен уметник со вклучување на сите културни работници кои ќе добијат можност самите да се регистрираат како самостојни уметници или самостојни културни работници. Бидејќи заработуваат од својот труд и тие, како и самостојните уметници, ќе имаат право на привилегиите од Министерството за култура за плаќање пензиско и здравствено осигурување.

Со законот се предвидуваат реформи во финансирањето, пред се во самото Министерство за култура, преку новини во начинот на организирање на годишните конкурси, во одлучувањето и во сите други сегменти кои се битни за финансирање на културата. Новини има и во работата на националните установи, во определување на надлежностите на управните одбори итн.

Денешната беше прва јавна дебата, а ќе ги има толку колку што ќе има интерес и потреба, велат од Министерството за култура. Министерот Адеми очекува законот да биде изгласан во Собранието најдоцна до крајот на годината. Според акцискиот план на работната група, донесувањето на законот се планира во октомври но, како што рече Адеми, можно е заинтересираноста за  нови јавни дебати да го пролонгира тој рок. (МИА)

Tags: дебатајавен интересКУЛТУРАМинистерство за култура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ