• Latest

Првиот човек на Внатрешната контрола при МВР со кривични дела против службената должност!

May 11, 2017
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Првиот човек на Внатрешната контрола при МВР со кривични дела против службената должност!

May 11, 2017 09:27
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Помошникот на министерот за Внатрешна контрола, извршува права и обврски, согласно Уставот, законите од областа на внатрешните работи и подзаконските акти, посебно за Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

Пишува: Фросина Ременски

Секторот за внатрешна контрола утврдува: 1. Незаконито постапување, злоупотреба или пречекорување на овластувањата на полициските службеници; 2. Внатрешна контрола, заради утврдување на вистинитоста на наводи и утврдување одговорност (и кривична) на работниците во сите случаи на нивно незаконито постапување; 3. Контрола за почитување на професионалните стандарди и процедурите за постапување во полициското работење.

Секторот за внатрешна контрола постапува врз основа на претставки од граѓани; поднесоци/барања од вработени во МВР; по наредба на министерот; по сопствени информации, сознанија и податоци (по службена должност).

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, раководен од Анета Станчевска, од 2008 година до денес, во непобитната и неоправдана партиска зависност од врвот на МВРО-ДПМНЕ, во ниту еден случај (поправете ме, ако грешам), што предизвика јавен интерес и го загрози угледот на МВР, не поведе внатрешна истрага по службена должност, за да ја демантира стручната јавност во она што беше очигледно кршење на законите и процедурите од вработени во МВР и од самото МВР како институција.

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди не одговори на клучните прашања, меѓу кои – дали во сите постапувања на МВР се почитувани Стандардните оперативни процедури (СОП), како алфа и омега на организирањето и водењето на истражните дејствија и полициските работи, во случаите со Мартин Нешковски, хеликоптерската несреќа во Струмица, Никола Младенов, Љубе Бошкоски, Смиљковско Езеро, „Детонатор“, Диво Насеље, ПС ОДГ Гошинце, „Црниот понеделник“ (24.12.2012), незаконското следење на комуникациите, МВРО – ВМРО штабот, „Крвавиот четврток“ (27.04.2017) и низа други.

Со чинот на површно или нецелосно постапување на Секторот, со прикривање на докази за незаконско постапување на вработени во МВР и учесници во споменатите и други неспоменати случаи за задолжително постапување на СВКПС, со доказите за партиски нарачки од министер за толеранција на противзаконско постапување и злоупотреба на овластувања во политички цели, како и свесното пропуштање и занемарување на настани кои директно влијаат на уривање на угледот и имиџот на полицијата како „заштитник и сервис на граѓаните“’ – Анета Станчевска е помагач и соизвршител на кривични дела против службената должност и овластување и основано осомничена за прикривање и помагање во уништување на докази за сторени кривични дела од вработени во МВР.

Назначената замена за Анета Станчевска, која треба да ја сработи „пропуштената“ обврска за службено постапување за настаните од 27.04. во Собранието на Република Македонија (учество на службени лица на МВР во Собранието, почитување на стандардните оперативни процедури…) треба да го земе во обработка и постапувањето, односно непостапувањето на Анета Станчевска по службена должност, во периодот пред боледувањето (27.04. – 3.05.).

Tags: „Детонатор“Анета Станчевскавмровнатрешна контролаДиво НасељекриминалМВРОНикола МладеновполицијаСмилковско езероФросина Ременскицрн понеделникЦрн Четврток
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ