Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на отворањето на регионалната вежба „Странски терористички борци: Промовирање на превенција и отпор“, јавува МИА.
На настанот ќе се обратат и американскиот амбасадор во земјата Џес Бејли, како и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.
Регионалната вежба е заеднички организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на САД и Конзорциумот Партнерство за мир, во соработка со Канцеларијата на Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот и ќе вклучи учесници од Националниот комитет, невладини организации, медиуми, експерти и верски заедници од земјата и од регионот.
Целта на вежбата е зајакнување и подобрување на пристапот во земјата во борбата против тероризмот и ширењето на насилниот екстремизам и радикализација што води кон тероризам, како и зголемување на регионалната соработка.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.