• Latest
Фронтот кај Бахмут

Расте раздорот помеѓу Москва и Вагнер групата додека битката за Бахмут достигнува кулминација

March 6, 2023

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Расте раздорот помеѓу Москва и Вагнер групата додека битката за Бахмут достигнува кулминација

March 6, 2023 20:53
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фронтот кај Бахмут

Фронтот кај Бахмут

Share on FacebookShare on Twitter

Интензивните борби продолжуваат во и околу источниот украински град Бахмут, додека Кијив и Москва  се борат со недостиг на муниција и зголемени жртви, а односите помеѓу платеничката група Вагнер и Кремљ стануваат сé понапнати, пренесува Гардијан.

Украинските сили сè уште го контролираат градот и покрај уличните борби, изјави за BBC Radio 4 заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко. Украинските војници соопштија дека една жена била убиена, а двајца мажи биле повредени во обид да преминат преку импровизиран мост во неделата.

Русија се стреми кон освојување на градот од минатото лето и постепено се приближува кон градот. Силите на Вагнер на Пригожин ги зголемија своите напори во октомври, откако регрутираа илјадници руски затвореници со ветување за слобода во замена за шест месеци служба.

Како што објави Би – Би – Си, рускиот олигарх Евгениј Пригожин, кој ги контролира платеничките Вагнерови сили кои ја предводат руската офанзива во Бахмут, предупреди доцна во саботата дека ако неговите луѓе бидат принудени да се повлечат, тоа може да доведе до колапс на целата руска линија на фронтот.

Пригожин се пожали дека руското Министерство за одбрана не ги поддржува напорите на Вагнер во однос на луѓе и муниција. Тој изјави дека не ја добива потребната муниција од Москва, додека се обидува да добие контрола над Бахмут.

Според него, недостатокот на муниција  може да биде „обична бирократија или предавство“.

Односите меѓу Вагнер и Москва изгледаат сé понапнати

Групата Вагнер има десетици илјади војници во Украина – некои регрутирани директно од руските затвори – и стана клучен дел од инвазијата на Москва.

Во објавата во неделата Пригожин рече дека документите биле потпишани на 22 февруари, а муницијата се очекувало да биде испратена до Бахмут следниот ден. Но, повеќето не беа испратени, рече тој, пред да сугерира дека тоа би можело да биде намерно.

И како дополнителен знак на раздорот, во понеделникот Пригожин рече дека неговиот претставник не може да пристапи до седиштето на руската воена команда. Не е јасно каде се наоѓа седиштето.

Пригожин рече дека тоа дошло откако му напишал на началникот на руската „специјална воена операција“, армискиот генерал Валериј Герасимов, за „итна неопходност да ни даде муниција“.

Исто така, во видеото поставено во саботата – но навидум снимено во февруари, Пригожин рече дека неговите луѓе се плашат дека се „поставуваат“ како жртвени јарци во случај Русија да ја загуби војната во Украина.

„Ако се повлечеме, ќе останеме во историјата како луѓе кои го направија главниот чекор за да ја загубат војната“, рече тој. „И токму тоа е проблемот со гладот од гранати [недостигот на муниција]. Ова не е мое мислење, туку на обичните борци…

„Што ако тие [руските власти] сакаат да нè наместат, велејќи дека сме никаквеци – и затоа не ни даваат муниција, не ни даваат оружје и не ни дозволуваат да го надополниме нашиот персонал, вклучително и [регрутирање] затвореници? “

Во саботното видео, Пригожин рече дека линијата на фронтот на Русија ќе се сруши без неговите војници.

„Ако Вагнер, приватната воена компанија сега се повлече од Бахмут, тогаш целиот фронт – кој ПМЦ Вагнер денес го зацврстува – ќе се урне.

Во прилог на сé по евидентната нетрпеливост помеѓу властите во Кремљ и Вагнер групата оди и  постот на поранешниот агент на ФСБ и десничарски националист Игор Гиркин, кој на својот Телеграм канал објави дека Пригожин е воен злосторник и повика веднаш да биде отстранет од раководството на „Вагнер“. Тој додаде дека „Вагнер“ има мало влијание врз ситуацијата на бојното поле.

Girkin claims the video with Prigozhin that surfaced yesterday was actually made at the peak of the shell conflict two weeks ago. Despite that, Girkin suggests Prigozhin must be immediately removed from Wagner’s leadership due to his psychopathy, https://t.co/kP6areI2bE… https://t.co/8Ddcscb8jI pic.twitter.com/5onV7H4tEq

— Dmitri (@wartranslated) March 5, 2023

Гиркин, познат како Игор Иванович Стрелков, е еден од главните проруски сепаратисти во Украина. Тој беше осуден пред неколку месеци за соборување на летот „МХ17“ во 2014 година.

„Најавите на Пригожин дека фронтот ќе пропадне без ‘Вагнер’ се пример за бесрамна криминална самопромоција“, тврди Стрелков и додава дека верува оти видеото во кое ја повикува Москва за недостигот на муниција е направено пред две недели.

Стрелков понатаму наведува дека влијанието на „Вагнер“ врз настаните на бојното поле, всушност, било прилично мало.

Тој вели дека битката што ја водат за релативно мал град во Донбас, мислејќи на Бахмут, не е толку важна воено. Освен тоа што не е одлучувачки за текот на војната, „доведува до огромни загуби на борци“, пишува Стрелков. Сето тоа, додава Стрелков, ѝ дава време на Украина. Во друга објава го нападна и самиот Пригожин.

„И малку повеќе за ‘Вагнер’. Според мене, ‘Вагнер’, по завршувањето на нападот на Бахмут, не може да се повлече од фронтот или да се распушти“, вели тој додавајќи дека единицата треба да се реорганизира за да може успешно да се користи колку што е можно во иднина. Сепак, Пригожин треба целосно да се отстрани од врвот на ‘Вагнер’“, додава тој.

Стрелков нагласува и дека политичките амбиции на Пригожин само му наштетиле на „Вагнер“. Освен тоа, Стрелков го опишува Пригожин како психички нестабилна личност и воен злосторник.

Од друга страна, високиот украински командант, Володимир Назаренко, во интервју за украински Кијив24 во неделата ја опиша ситуацијата во градот како „пекол“ , но рече дека ја стабилизирале линијата на фронтот и дека руските сили се уште се на периферијата.

Назаренко рече дека руските сили немаат муниција и дека хаотично го гранатираат градот. Но, исто така, украинските сили изјавија за Би-Би-Си во февруари дека исто така им снемува огнена моќ.

Руските сили сега заземаат области од трите страни на градот на исток, север и југ – и има само еден пат што го поврзува градот со територијата под контрола на Украина. Сепак, аналитичкиот центар со седиште во Вашингтон, Институтот за проучување на војната, рече дека Русите веројатно нема да можат да го опколат градот наскоро бидејќи нивниот напредок е сè уште „бавен и постепен“.

Западните воени аналитичари сугерираа дека Украина ќе нареди тактичко повлекување од Бахмут, за да ги спречи загубите и да се прегрупира. Но, украинската војска инсистираше на тоа дека тие остануваат на место, додека портпаролот за истокот, Серхи Черевати во интервју за Си-Ен-Ен во саботата негираше дека планираат да се повлечат.

Не е јасно до кој степен Украина смета дека може да ги истроши руските сили или дали има време да изврши тактичко повлекување. Тактичките повлекувања се незгодни и тајни операции кои најверојатно сепак ќе чинат украински животи. Исто така, на линијата на фронтот ќе постават два нови града под контрола на Украина западно од Бахмут – Константиновка и Краматорск.

Иако имаше знаци дека Украина се подготвува за повлекување, особено последните неколку недели откако руските агресори погодија неколку мостови на страната под контрола на Украина, на редовниот состанок на штабот на врховниот командант, што во понеделникот го одржа претседателот на Украина Володимир Зеленски, Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи и командантот на оперативната и стратешка група – трупите Хортица, Олександр Сирскиј, рекоа дека одбранбената операција и натамошното зајакнување на позициите во Бахмут мора да се продолжи.

Според изјавата која ја даде заменик-командантот на баталјонот Свобода, поручник на Националната гарда Володимир Назаренко во коментар за Си-Ен-Ен, Украинските сили се држат до клучната рута во и од Бахмут во регионот Доњецк.

„Вооружените сили на Украина го држат автопатот Бахмут-Костиантинивка, тој е прилично стабилен. Ситуацијата околу Бахмут, како и на неговата периферија наликува на пекол, како и на целиот источен фронт“, рече Назаренко.

Според неговите зборови, автопатот Бахмут-Костиантинивка е клучна рута за внесување на залихи во градот и нема „тактички промени“ на украинската страна, а украинската војска ја држи одбраната.

„Непријателот бара слабости, се обидува да го одвлече вниманието на нашите сили борејќи се, повлекувајќи ги нашите резерви, обидувајќи се да комбинира различни методи и тактики. Сепак, тие не успеваат“, истакна Назаренко.

Назаренко ги отфрли растечките шпекулации за можно повлекување на Украина од градот.

„Нема повлекување. Напротив, некои нови резерви влегуваат како засилување за да ја задржат одбраната. Целото борбено подрачје е под хаотично гранатирање, но има врска со градот, има рути кои не се отсечени“, додаде Назаренко.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БахмутВагнер групаинтензивни борбиМосквараздорруска агресија врз Украина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ