• Latest

РЕАКЦИИ: „Бонбона бизнис“ е договорот на Владата со албанската компанија „Ѓока“ за паркинг на Клинички

March 11, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

РЕАКЦИИ: „Бонбона бизнис“ е договорот на Владата со албанската компанија „Ѓока“ за паркинг на Клинички

March 11, 2025 12:28
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Тендерот за паркинг и изградба на катни гаражи во Клиничкиот центар ги помина сите процедури и досега нема потврдено ниту една нерегуларност. Договорот со компанијата од Албанија „Ѓока Констракшан“ се уште не е потпишан, потврди министерот за здравство Арбен Таравари.

„Не сме го потпишале, треба да помине на Влада, па во Влада треба да се видат, да помине одредени филтри коишто ќе ги видат сите потребни документи. Дека треба паркинг во клинички центар, тоа никој не спори околу тоа. Што побргу да има, толку подобро, меѓутоа мене многу ми значи и гласот на јавноста, искрено многу ми значи. Иако сега некои викаат цената од 50 денари била многу, јас мислам дека во повеќето градови е 50 денари паркинг било каде“, рече вчера Таравари.

Следејќи ја темата, ЦИВИЛ Медиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница – Што мислите за договорот на Владата со албанската компанија „Ѓока“ за паркинг на Клинички со 1% добивка?

Од коментарите на граѓаните може да се заклучи дека оваа ситуација изгледа како еден вид сатира. Се чувствува огорченост од луѓето кои имаат функции и од тоа како тие ги користат за лични или партиски интереси.

Ви пренесуваме само дел од коментарите:

  • „Бонбона бизнис“

  • „На Ѓока треба да му се дадат сите паркинзи, многу добра компанија со меѓународно реноме, а на Мока да му се даде нешто друго, владата, на пример, да управува со општиот клинички центар што се вика Македонија“!

Имаше и такви кои го отворија прашањето како (ќе) се однесуваат со лицата со хендикеп.

  • „Јаката компанија нема што, гради мостови од стиропор кои потоа се срушиле. Баш ме интересира како ќе се однесуваат со лицата со хендикеп на кои паркирањето треба да им е бесплатно, ако претходните користеа пајак за да манифестираат сила на девојка во количка со наплата, овие пак ќе те одерат до гола кожа“…

Но, имаше и такви кои велат дека „ќе се снајдат со паркинг“ пред Клинички – „Ќе ги оставиме колите на улица и ќе земеме количка од болница за да ги однесеме болните или ќе викнеме Брза помош“.

Д.М.

Фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ