Пред точно една година започна страшниот судир кој беснее на Блискиот Исток и се заканува да стане огромен регионален воен судир. Додека светот е во исчекување дали ќе заврши конфликтот во Газа меѓу израелската војска и Хамас, сега, војната се прошири и во соседен Либан, каде што израелските трупи се во жестоки судири со борците на Хезболах.
Следејќи ја темата, ЦивилМедиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе се развива ситуацијата на Блискиот исток?
Граѓаните сметаат дека во догледно време нема да има мир во Блискиот исток, туку дека конфликтот ќе се прошири и во соседните држави. Ви пренесуваме само дел од коментарите:
„Блискиот исток со децении е таков. Сега е малку посериозна работата имајќи во обзир дека Хамас испровоцира војна со Евреите. Можеби позадината е да се дефокусира светот од руската агресија врз Украина која зема се повеќе замав. Може да дојде до домино ефект, ескалации во различни делови во светот“, вели еден граѓанин.
Еден граѓани смета дека со новата власт „со Блиски исток ќе стануваме се по Блиски!“.
Друг граѓанин смета дека ќе има мир на Блискиот исток само доколку се уништи Израел, додавајќи: „Ќе дојде и тој ден. Само оние преврзанине во главине им дојде умот, едно изреалче ги д*** како сака милони СЛЕПЦИ кои мислат само на Хареми и Луксуз, а Браќа им гинат како да се мравки.
Во светска војна, целта на ционистите не е Иран, туку пред се Русија па Турција, а нападот врз Иран дефинитивно би значело мешање на Русија, која има силно испреплетени односи со Иран.
Една граѓанка вели дека ќе се покачи нафтата, додека друга граѓанка вели дека сигурно ќе изгине многу народ.
Д. Муратов