• Latest
Фото: МИА архива и Влада

РЕАКЦИИ: На 67 години во пензија – доживотни работници, од работа на гробишта или неизбежност за спас на пензискиот фонд

December 4, 2024

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

РЕАКЦИИ: На 67 години во пензија – доживотни работници, од работа на гробишта или неизбежност за спас на пензискиот фонд

December 4, 2024 12:34
in ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ
Фото: МИА архива и Влада

Фото: МИА архива и Влада

Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за поместувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека посоти незадоволство и дека се крајно против доколку се донесе одлука за поместување на старосната граница за пензионирање на 67 години:

„Крајно несериозна ! Сите професии неможат да се стават во ист кош. Има професии кои бараат физичка активност и спремност а немаат бенифиции. А и животниот век во Македонија не е многу долг, па тешко дека ќе може ова да биде добро. Ќе мораат луѓето сами да си даваат отказ бидејќи инвалидска пензија тешко да добијат а и тешко да издржат до 67 години да работат со полно работно време.“

„Може да биде, ама селективно за професии кои се дефицитарни, а потребни. Тогаш може да биде до 67 години и повеќе, да им се искористи искуството, ама со реални мерила. За професии кои бараат физичка работа или се работи за тешки услови-не, дури и помалку гоидни за пензија.“

„Како тргнало ќе биде најдобро РАБОТА ДОЖИВОТНО за минималец.“

„Ние немаме живот како европјаните за да би оделе во пензија на 67 години. Кај нас на  години се оди на гробишта. Гелдам по бандери 1957 1954 1958 1959, 1960…“

„Дури тогаш сите млади ќе си заминат од државава.“

„Не, секако и тоа од повеќе причини. Дури и сега голем број луѓе не можат да дочекаат прва пензија, а камоли кога ќе ја покачат старосната граница. Во образованието, здравството и админстрацијата, потребни се млади луѓе, а да не збориме за обичните работници кои работат во мизерни услови. Не сите, но поголем број службеници и даватели на услуги се неспособни и непродуктивни со разни заболувања и слично. Со покачувањето на старосната граница и тие млади што останаа ќе си отидат фино лепо во странство. Ако сакаат да стават некој ред, нека се борат против корупцијата, нека функционираат институциите, нека се казнуваат криминалците и неработниците (кои не одат на работа или не работат ништо), а не да удрат онаму каде е најтенко. А за тоа што нема доволно кадар и што си одат младите од тука, не сме виновни ние, туку сите оние кои ја водат оваа „држава“ во последните 30 години“

„Ова не смее да се случи за сите. Наместо тоа, треба да им се овозможи на оние што можат да работат, да не мораат да се пензионираат, туку да продолжат до кога можат, како во Јапонија.“

„Мислиме на сите што го подржуваат овој предлог ако им се слоши да повикаат брза помош и да им дојде 65 годишна сестра и 67 год лекар а ако им се запали куќата сите пожарникари што ќе бидат ангажирани уствари не подобро е да замислиме дека живеат во стан на 8-ми спрат а не во куќа и тогаш да им дојдат 67 годишни пожарникари да ги спасат.“

„Неизбежно е, од проста причина што секој дневно се зголемува со стари лица во однос на млади каде што драстично се намалува млада работна снага“

„А СИНДИКАТИТЕ каде се? Тие треба да кажат нешто а не да се кријат!“

„Во поранешниот систем ова прашање беше до сега најдобро решено. За мажи 40 години работен стаж и 60 години старост човекот ги исполнил условите за пензија, за жени 35 години стаж и 55 години старост. Е сега кога би бил условот стаж би било нај реално затоа што човек маж ако работел 40 години и жена 35 години, после тоа они се неспособни и непродуктивни за понатамошна работа и треба да си одат во заслужена пензија.“

„Во поранешната држава работеле седум работници за еден пензионер, сега не сме ни еден на еден. А друга приказна е што голем дел од работниците се пријавени на минималец. Ако државата не го сервисира пиом еден-два месеци следниот месец ќе нема пари за пензионерите.“

„Веќе вработуваат пензионери во кафеани како келнери или слично. Исто и во т.н. чуварски служби и други работни места. До 100 години ќе одиме изгледа. Нема работници а уште повеќе нема стручни работници. Се избега надвор и бега континуирано. Се што се предлага е ветер и магла. Само во интерес на државните службеници и бесконечно зголемување на нивните плати а залажување на пензионерите со срамни 2.500 денари.“

„Тешко за нас младите СРАМОТА како е тргнато изгледа од работа на гробишта ќе не носат…. Дното го доправме. Тие што го бараат овој закон своите родители нека ги стават во некоја фабрика на норма НЕ НА ФУНКЦИЈА да работат како обични работници да видам дали ќе издржат до 67год со минималец. Срам и брука.“

„Демографска неопходност. Нема бегање од тоа. Пензискиот фонд нема кој да го полни.“

„Малку е барем до 80 год. Од работа на гробишта.“

„Што има да се мисли.Тоа е проста математика.Младите си се селат од оваа држава и нема да има работоспособно население да ги полни фондовите.И ќе се продужуе сражот. Ќе останеме како желките од Галапагос само старци.“

„Тие што го предлагаат тоа се “канцелариски глувци”.што во животот не подигнале повеќе од пенкало. Сега е проблем со 64 год а не со 67 год. Каде им е паметот само…“

„Последниве избраници се со најголем дел на купени дипломи од кај Мерко и од кај Аце.А типов што го предлага ова е од МАНУ, што подразбира дека е “пробен балон” дали ќе помине, ама како и се друго што помина, не би ме изненадило.“

„Овие што предлагаат си играат со народот. Подобро нека предложат доживотно да се работи и така нема да има пензионери и пензионерски фонд.“

„Малку е, нема пак да се спаси пензискиот фонд. Треба да се направи 70 или 75, за да има за плати на партиските војници во администрација. Толку со затворените листи, со Отворени листи нема потреба од зголемување на старосната граница, само ќе се намали бројот на административци на потребниот – 50% помалку, ќе се сузбие и корупцијата и крадењето на државата – и ќе има и за пензии, и за се друго.“

„Дали човекот заслужува извесен период да биде пензионер, да биде мирен и спокојно живее, ИЛИ ТРЕБА ДА РАБОТИ ДОДЕКА СОСЕМА ИЗГУБИ СИЛА, ДО КРАЈ? Сите нормални држави ги смалуваат сатниците, или деновите, или годините за работење, кај нас…“

„Ако вработениот преземе обврска да умре во рок од три години од денот на примањето на првата пензија, може да оди во пензија кога сака, хахаха!

Со љубов,

вмро-дпмне“

Б. Ј.
Tags: пензиски фондПрашање на денотстаросна границаФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ