• Latest

РЕАКЦИИ: Порано имавме фикус сега икебана – срамота, катастрофа, лош потег на Сиљановска Давкова со помилувањата

October 25, 2024
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Порано имавме фикус сега икебана – срамота, катастрофа, лош потег на Сиљановска Давкова со помилувањата

October 25, 2024 12:59
in ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за празничните помилувања од претседателката Сиљановска Давкова?

Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека сметаат претседателката направила лош потег, дека целата постапка е катастрофа.

И помилувањето е воспитна мерка, но не треба да биде селективна и нарачана, туку заслужна според однесувањето на затвореникот.

Отфрли и Устав и право за пари, баш ми е мило тие што се крстеа во професорката како да беше единствена во Скопје, паѓаа на титулата, како глувци сега видоа дека е иста како сите политичари…

За жалење е, сервиран и е списокот, таа појма нема што потпишала и во иднина може да се очекуваат многу слични „гафови“ од неа.

Па жената не знае кој ослободила. И дадоа ливче само да потпише. За тоа и беше наместена на таа позиција, не е крива таа…

Страшно, жената си игра мајтап со народот. Таа не е од тука, се нешто не знае, се нешто не кажува. Како и свират, така игра. Мисли дека ние сме будали и ништо не разбираме. Е сега, горди тие што ја гласаа, нека слушаат глупости секој ден. Страшно, море не само младите што избегаа туку и ние постраите ќе фатиме магла. ..

Катастрофа ,некој ќе лежи за ќебапчиња, а некој ќе ни се прчи курташак повторно на улица оти е недопирлив.

Срамота уставобранителите терористи нека дремат во зандана, а пак кримосиве на слобода …Црна Македонија кој те води …

Смешно!

Мислам дека порано имавме фикус, а сега ова повеќе е икебана, нема коренче.

Што да се каже, за жал продолжува партиското помилување, паднаа во вода толку спомнуваното право и правда, токму од неа. Прашање до кога вака.

Кога таа не мисли, не сакам ниту јас да размислувам!

Срамно.

Парата ја прави играта.

Луѓето што гласаа за ВМРО велеа дека Давкова била добра оти работите ќе ги води потрепени правно, но сега се гледа дека се што работат е против правно туку е политички.

На нашата држава не и требаат затвори, зошто во нив лежат невини луѓе, а багабонтите се на слобода. Срам да и е на госпоѓата, не сакам да ја речам со титулата зошто не е за неа.

Катастрофа, да помилуваше од 27 април ок, ама криминалциве, нешто смрди.

Пропаѓаме.

Фикусица може ли поинаку од фикусот?

Глупости.

Комисијата за помилувања треба да го јаде “стапот”!!!

А дали јавно се знаат кои се членовите на Комисијата. Треба да се знаат.

Катастрофа.

Каков џогер избраа за претседател, немогуќе!

Платена дебело да ги пушти најголемите кримоси, арам да и е.

Потпишува според коалициски договор на владата, а не на комисијата.

На Давкова се и сервираат што да работи од Палатата симбол на криминал, лага и корупција. Таа нема врска што работи , исаана е ….

Издржи Палчо, ќе ми те помилува Гога и тебе

Лош потег, не е добро, се нарушува законодавниот систем.

А што е разликата помеѓу тие во затвор, со овие што продаваат памет во парламентот, а сите се мултимилионери.

Јас ќе ти кажам што е проблемот, тие во парламентот се вистински лопови, а тие во затвор се глумци што мислат дека се мафијаши и лежат за народот да си мисли дека има правда и владее закон.

Доследна примена на законот, ќе важи за секого. Затоа реков, да не се нарушува системот.

Претседателка- брука. Влада – брука. Во нормална држава и претседателката и владата досега ќе си поднесеа неотповикливи оставки!!!

Каков народ, таква власт, таква држава. ( ние си ја избравме, јас лично не.)

Си ја знае работата своја.

Оваа така наречена претседателка е обичен пион во рацете на кодошите Мицкоски & Николовски!

Напредна деменција.

Катастрофа, дали чита кого да го помилува или само слуша? Пионче….

Мислам била на некаква си дрога кога потпишувала!

Срамота, за ова не ја гласаше народот. Срам за државата, слобода за уставо-бранителите или оставка на претседателката и ВМРО, зошто ќе им се случи народ.

Б. Ј.

Tags: Гордана Сиљановска ДавковапомилувањаПрашање на денотФејсбук коментари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ