• Latest

Реакции во Грција за изјавата на Заев за македонска армија

July 5, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реакции во Грција за изјавата на Заев за македонска армија

July 5, 2018 13:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашната изјава на македонскиот премиер пред новите 125 професионални војници на АРМ кога говореше за македонски војници и македонска армија, предизвика реакции во Грција, како кај медиумите, така и кај политичарите.

Извори од грчкото МНР за грчката новинска агенција АНА–МПА коментирале дека конкретниот случај ја истакнува важноста, Договорот од Преспа да стапи во сила.

-Во однос на изјавата на Заев за „македонска“ армија, извори од Mинистерството за надворешни работи истакнаa дека оваа изјава ја потенцира важноста од стапување во сила на Договорот од Преспа. И тоа е бидејќи, како што наведоа истите извори, во договорот јасно се наведува дека придавката за државата, нејзините официјални органи и други јавни субјекти ќе се усогласат со новото име на земјата, односно во конкретниот случај „Армија на Северна Македонија“, објави грчката новинска агенција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за конкретната изјава на македонскиот премиер, реагираше преку неговиот официјален Твитер профил и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

Кумуцакос реакција на изјава на Заев

-По фамозниот Договор од Преспа, Заев наведува „македонска армија“. Со само една изјава, Заев: ја провоцира Грција, ги урива аргументите од пропагандата на Ципрас-Коѕијас, дополнително го исмејува Каменос и ја потврдува правилноста на одбивањето од Нова демократија, напиша Кумуцакос на Твитер.

Онлајн изданијата на грчките медиуми, го пренесоа ставот на изворот од Министерството за надворешни работи на Грција за АНА-МПА, но и вчерашната изјава на македонскиот премиер.

„Провокација од Заев за македонска армија, што одговара грчкото МНР“; „Заев говореше за македонска армија“; „Одговор од грчкото МНР за македонската армија на Заев“; „Со Преспа одговараат извори од МНР на изјавата на Заев за македонска армија“; „Наводите на Заев за македонска армија го разбудија грчкото МНР“, се само дел од насловите на текстовите во грчките медиуми за вчерашната изјава на македонскиот премиер и реакцијата од грчкото МНР.

Tags: ГрцијаЗоран Заевмакедонска војскареакција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ