• Latest

Речиси 4.000 грчки компании во опасност да го загубат терминот Македонија од своето име или производ

July 18, 2018
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Речиси 4.000 грчки компании во опасност да го загубат терминот Македонија од своето име или производ

July 18, 2018 14:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Федерацијата на индустрии од северна Грција, Атанасиос Савакис, апелира грчките компании во чие име или производи е вклучен терминот Македонија или изведените зборови законски да го обезбедат името пред да почне со работа комисијата за трговски ознаки, согласно Договорот од Преспа, за да не се соочат со проблеми на меѓународниот пазар, но и за да не претрпат економски штети. 

Говорејќи пред грчките новинари, Савакис, јави дописничката на МИА од Атина, кажал дека речиси 4.000 грчки компании ризикуваат да го загубат името, а од овие само 24 ја направиле потребната регистрација, но во европскиот регистар.

„Како што откри претседателот на Федерацијата на индустрии од северна Грција, Атанасиос Савакис, компаниите што го користат терминот Македонија дали во нивниот корпоративен идентитет или во нивните производи, ќе треба, пред да почне процесот на  формирање на Комисијата што ќе ги разгледа конкретните ознаки и која е предвидена со Договорот од Преспа, веднаш да реагираат за да го обезбедат, меѓународно, нивното име“, пишува грчкиот весник “То вима”.

Според претседателот на федерацијата, потребната регистрација во светската организација во Женева, веќе ја направиле две македонски компании, а високата цена од 8.000 евра е причината зошто компаниите не го обезбедиле и законски нивното име или името на нивните производи.

За да им помогне на компаниите, федерацијата, според грчките медиуми, презела иницијатива за бесплатна правна и процедурална помош за сите заинтересирани бизнис.

Во однос на решението меѓу Македонија и Грција, Савакис рекол дека секој договор има негативни и позитивни страни, но прашањето требало да се реши бидејќи многу ги чинело грчките компании, особено оние од северниот дел на земјата. Додал дека договорот создава предуслови за зголемување на инвестициите во Скопје, но и дека пристаништето во Солун отвора огромни перспективни.

-Не може Австријците и Германците да бидат присутни, особено во земјоделско-прехрамбените производи, а ние што сме на 30 километри од границата да не можеме, рекол Савакис, според “Катимерини” и додал дека многу компании кои што сакале да извезуваат кај нас, тоа го правеле преку Албанија или Бугарија, што дополнително го зголемувало нивниот трошок. (МИА)

Tags: ГрцијаДоговор со ГрцијакомпанииМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ