СДСМ излезе со обвинувања дека постои координирана регионална мрежа за политичка пропаганда, поврзана со центри на моќ во Унгарија, Србија и Словенија, која воедно контолира околу 40% од македонскиот медиумски простор.
Според СДСМ истата мрежа на медиумска контрола, црни кампањи и политичка манипулација која со години ја одржува ВМРО сега директно е вклучена и во најновиот скандал со лажни вести за „експлозиви во Кањижа“.
Во последните години, повеќе меѓународни организации и истражувачки мрежи, исто така, предупредуваа дека ваков модел навистина постои – и дека се шири надвор од границите на Унгарија.
Според Репортери без граници Унгарија е еден од најчесто посочуваните примери за силна политичка контрола врз медиумите која изгради вистинска медиумска империја, ништо помалку од база на дезинформации во срцето на Европа. Прекугранично ширење на медиумскиот модел
Анализа на International Press Institute укажува дека унгарскиот медиумски модел има регионални димензии:
„Унгарски капитал се користи за експанзија на провладини медиумски модели надвор од унгарските граници, особено во Словенија и Северна Македонија.
Слични заклучоци објавуваат и OCCRP и BIRN, што ги спомнува и СДСМ во своето соопштение, каде се документира влезот на унгарски бизнисмени како Петер Шац во медиумскиот пазар во Северна Македонија.
Извештај на Media Freedom Resource Centre посочува дека станува збор за модел каде медиумите не се освојуваат
Во Словенија, медиуми како Nova24TV, поврзани со Јанез Јанша, беа дел од истражувања за странско финансирање и политичка пристрасност. Во дел од тие случаи се споменува и ангажман на компании како Black Cube. Во Србија, пак, медиумската сцена често се опишува како високо концентрирана. Според сите овие извештаи релацијата Орбан –Јанша-Вучиќ е очигледна, а линијата со Северна Македонија и провладините медиуми е одамна истражена и потврдена. (Кои се унгарско-словенечките играчи на Орбан кои истураат пари во вмровски медиуми?, ЦИВИЛ Медиа, 23.02.2020)
Во овој контекст, обвинувањата на СДСМ и повикувањето на истрага, се однесуваат на тврдењето дека македонските медиуми под контрола на Петер Шац ја користат оваа приказна за да наметнат наратив за „руско сценарио“ и загрозен суверенитет. Според СДСМ, таквиот наратив има за цел да послужи како средство за мобилизација на гласачкото тело на Фидес. Во таа рамка, како дел од поширока регионална динамика, се споменуваат и Александар Вучиќ и неговата партија СНС, кои според овие наводи се прикажуваат како актери што соработуваат во креирање и ширење на вакви стратегии.
СДСМ упати неколку конкретни барања поради сериозноста на наодите и тоа домашна истрага од АВМУ за сопственичката структура и финансирањето на медиумите, вклучување на европските институции во испитување на можно прекугранично политичко влијание, како и мерки за заштита на информативниот простор од странски влијанија.
Б. Јордановска












































