• Latest

Релативно позитивен референдумски извештај на ОДИХР и Советот на Европа

October 9, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Релативно позитивен референдумски извештај на ОДИХР и Советот на Европа

October 9, 2018 13:19
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Прелиминарниот извештај за референдумот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, ОДИХР и Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) ги опфаќа сите аспекти на референдумскиот процес, почнувајќи од историски осврт на долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција, преку финансирањето на кампањите, медиумското покривање, надлежностите на ДИК и текот на денот на гласање.

Првичните заклучоци во извештајот се во контекст на гласањето на 29 и 30 септември кое поминало регуларно. Административните процедури на избирачките места биле спроведени професионално и транспарентно без поголеми нерегуларности, освен фактот дека дел од набљудувачите не знаеле од која организација се, со претпоставка дека се поврзани со политичките партии. За потсетување, ДИК акредитираше 493 меѓународни и 1.1927 домашни набљудувачи.

Што се однесува до финансирањето на кампањите, забелешките се однесуваат на недефинираната законска рамка за финансирање на референдумската кампања која не содржи ограничувања на трошењето и ѝ недостигаат јасни барања за финансиски извештаи, процедури на ревизија и санкции. Сепак, оценката е дека референдумската кампања поминала мирно со почитување на правото за собир, и слободата на здружување и говор.

Медиумите имаат преодна оценка со оглед дека кампања водеше владејачката гарнитура, немаше кампања „против“, освен движењето  за бојкот, чија реторика, како што се вели во извештајот, била потпалувачка. Во ваква ситуација медиумите успеале да дадат широк дијапазон на информации до јавноста во текот на целиот процес.

Политичките партии немаа право да набљудуваат. Таа можност ја имаше Собранието како предлагач, кое не ја искористи и немаше свои набљудувачи.

Добар дел од извештајот е посветен на денот на гласање. Заклучоците се дека поминал  регуларно, без поголеми неправилности, добро организиран и администриран, па дури и броењето на гласови било транспарентно.

Можеби најголемите забелешки, како и секогаш, се однесуваат на правните и законодавните норми и непочитувањето на препораките на ОБСЕ и ОДИХР што се однесуваат на Изборниот законик, Избирачкиот список и самата изборна администрација, во овој случај, на Државната изборна комисија. Сепак, ДИК доби и позитивна оценка за кампањата за информирање на гласачите, вклучувајќи и телевизиски и онлајн содржини, од кои голем дел се однесуваа на помладите гласачи во делот на процедурите за денот на гласање, лоцирање на избирачките места и слободата и правото на избор и учество на референдумот, без претензии да повикува на излезност.

Иако се работи за прелиминарен извештај, очекувањата се дека финалниот извештај, освен по должината, не би имал суштински разлики.

И за крај, на денот на референдумот, набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР го оцениле отворањето на избирачките места како добро или многу добро кај 72 од 75 избирачки места. Во 15 случаи набљудувачите забележале дека гласачката кутија не била покажана на набљудувачите пред да се запечати, а во 13 случаи протоколот за отворање на избирачките места не бил проследен  пред да започне гласањето.

Биљана Јордановска

фото: архива на ЦИВИЛ

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: извештајОБСЕ/ОДИХРреферендум
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ