• Latest

Ретроспектива: Патот до ЕУ „поплочен“ со антиевропска и националистичка пропаганда

August 19, 2022
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025

(РЕПРИНТ) 9 мај, еден Ден по победата во Европа над фашизмот

May 8, 2025
Војо Маневски

Помина една година, реформи нема, а ние чекаме

May 8, 2025

ЕП го усвои извештајот за Србија: Замерки за владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупција, (не)усогласување со надворешните политики на ЕУ

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ретроспектива: Патот до ЕУ „поплочен“ со антиевропска и националистичка пропаганда

August 19, 2022 11:03
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Помина повеќе од еден месец откако Собранието ги изгласа заклучоците за европскиот предлог што го понуди француското Претседателство со Советот на ЕУ, за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Северна Македонија, на 19 јули 2022, ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија. Но, пред да ги започне пристапните преговори со ЕУ помина низ тешки денови, бидејќи дел од опозициските партии се обидоа да го попречат патот кон ЕУ.

Последните чекори

Последните чекори до почетокот на преговорите, очекувано, беа тешки, исполнети со тензии, блокади и насилни протести, како што е опишано и во хронологијата на едно неизгласано НЕ од Цивил Медиа.  Конечно, на 16 јули 2022, со 68 гласа ЗА, а ниту еден против и ниту еден воздржан, Собранието ги изгласа заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија.

Протестите што беа организирани од почетокот на јули и за време на собраниската расправа за предлогот, беа под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам“. На протестите, дел од опозицијата бараше отфрлање на европскиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија.

Протестите беа насилни, со инциденти и експлицитен говор на омраза кон албанската етничка заедница, иако се работеше за процес поврзан со македонско-бугарските односи. На протестите учествуваа и маскирани лица и покриени со качулки што потсети на крвавите настани од 27 април 2017 година. Освен јајца, тоалетна хартија, во „арсеналот“ на насилниците беа бекатон плочки, метални прачки и молотови коктели.

Имаше и напади врз полицајците. Билансот од протестите беше неколку десетици приведени, неколку кривични пријави поврзани со нападите и подготовката и фрлањето молотови коктели, како и 54 повредени полициски службеници, од кои 11 потешко повредени, а 2 со сериозни повреди, како што тие денови информира МВР.

Накратко, патот до ЕУ беше „поплочен“ со антиевропска и националистичка кампања. Релевантни експерти и претставници на институциите ги означија протестите како директно поддржани од Путиновиот режим. Цивил спроведе мониторинг на овие настани и јасно ги посочи врските и мотивите за насилниот карактер на протестите.

Знамето на ЕУ го запалија, нема одговорност

Сепак, сè уште нема никаква реакција, а уште помалку санкации од Основното јавно обвинителство за лидерот на Родина Македонија, Владимир Трајковски, кој на (4 јули) за време на протестите пред Владата на Република Северна Македонија го запали и газеше знамето на Европската Унија.

„Сите проблеми доаѓаат од ку****а и блудница Европа и нашата држава треба да се откаже од влез и членство во ЕУ и така преку ноќ ќе завршат сите проблеми“, истакна Трајковски во видеото што самиот го објави на Фејсбук, кои инаку е еден од најгласните подржувачи на Руската Федерација.

Додека Трајковски го палеше ЕУ знамето му се приклучија и други членови на партијата Родина коментирајќи: „Лепо село – лепо гори“ и „ружно знаме – ружно гори“.

Ни по повеќе од еден месец Основното јавно обвинителство не покрена кривична пријава против лидерот на Родина, Владимир Трајковски за намерно палење на знамето на ЕУ, иако тоа е казниво според Член 8 и Член 181 од Кривичниот законик.

Член 8

„Грбот и знамето на Република Македонија, како и грбовите и знамињата на други држави и меѓународни организации кои се употребуваат во Република Македонија согласно со одредбите на овој закон, не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување“.

Член 181

„Тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзиното знаме, грб или химна или шеф на странска држава или 71 дипломатски претставник на странска држава во Република Македонија, ќе се казни со парична казна“.

Неказнивост за радикализмот

Нема одговорност ниту за лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев, кој на 5 јули најави радикализација на протестите против францускиот предлог. Откако протестите станаа порадикални, односно насилни, партијата, барем декларативно, се дистанцира, но не поднесе ни одговорност за повиците на насилство.

Пратениците на Левица, Апасиев и Крмов ги повикуваа „сите пред Собрание“ за да го спречат изгласувањето на европскиот предлог. Ги хушкаа членовите, симпатизерите, поддржувачите да се радикализираат, а потоа ги пуштија „низ вода“.

Се оградија од нив, бидејќи според партијата, насилните демонстранти беа „провокатори“, и „полициски инфилтратори“… Дел од уапсените демонстранти кои беа нахушкани, судот ги ослободи, но дел од нив се уште ќе се влечкаат по судови, затвори… додека хушкачите се на слобода (на некоја плажа).

Во меѓувреме, Левица пред Собранието донесе гилотина што може да се протолкува како отворена закана со егзекуции против политичките неистомисленици. На тоа остро реагираше и колегата Џабир Дерала во коментарот „Гилотина пред Собранието: Простачка, груба и отворена закана со смрт“.

Поттикнуваа омраза, не се оградија, не се соочија со одговорноста

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Родина Македонија, Единствена Македонија, Глас за Македонија не се оградија и не ги осудија ниту навредливите скандирања како „Чиста Македонија“ и „Смрт за клетите ш****ри“, кои се извикуваа за време на антиевропските протести.

Напротив, партиските пропагандни машинерии постојано споделуваа статуси и фотографии на два/тројца Албанци кои наводно беа силни залагачи и поддржувачи на антиевропските протести (инаку таквите во поранешна Југославија ги нарекуваа „чесни“ Албанци). Исто така не видовме статуси/реакции дали на тие два-тројца „чесни Албанци“ кои учествуваа на протестите им сметаа(т) извиците за смрт на клетите ш****и!

Инцидент кај плоштадот „Скендербег“

На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ, благодарение на брзата реакција на полицијата, беше избегнат поголем инциденти откако дојде до судир меѓу демонстрантите и помала група на граѓани кај плоштадот Скендербег.

„Нека разберат клетите ши****и“, „Ш*******и пи**и“, „Никогаш Северна само Македонија“, беа дел од скандирањата на демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог за спорот со Бугарија.

Демонстрантите откако го минаа подвозникот пред трговскиот центар Мавровка и започнаа физичка пресметка со групата кај Скендербег при што користеа камења, стаклени шишиња и други тврди предмети. Брзата реакција на полицијата ја спречи физичката пресметка и веднаш беа уапсени лицата кои носеа огнено оружје.

Во трка по политички поени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, веднаш по инцидентот се обиде да добие политички поени, дека наводно тој бил метата на пиштолџијата Јусуф Кока.

По инцидент кај плоштадот „Скендербег“ во скопската Чаршија, веднаш беше разрешен вршителот на должност на Ј.П. Комунална хигиена, Зуди Енузи, кој инаку е брат на Јусуф Кока, човекот што пукаше со пиштол за време на инцидентот со демонстрантите и група граѓани кај плоштадот „Скендербег“ во скопската Чаршија.

Алијансата за Албанците веднаш ја прекина соработката со ВМРО-ДПМЕ, откако градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, експресно го разреши од директорската позиција Зуди Енузи, бидејќи бил брат на Јусуф Кока кој учествуваше во вооружениот инцидент пред плоштадот „Скендербег“.

Партиите на власт и опозицијата се „спукаа“ чиј е пиштолџијата кој пукаше кај Скендербег

Од СДСМ за инцидент што се случи на антиевропскиот протест кај плоштадот „Скендербег“ нагласија дека сè е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури крвавото сценарио кое не им успеа.

„Тие воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме…

Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за Албанците, кое на крајот не успеа. Мицкоски синоќа не беше мета туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните“, истакнаа од СДСМ.

Демократската унија за интеграција најостро ги осуди инцидентите на антиевропските протести поттикнати според нив, од проруските елементи во нашето општество, вклучително и сценариото што беше реализирано на плоштадот Скендербег во Скопје.

„Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, ЛЕВИЦА и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи“, потенцираа од ДУИ.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека инцидентот беше во режија на власта која по секоја цена сака да ги задржи своите фотелји и функции заради криминалните тендери.

Дезинформации

Иако МВР веднаш ги уапси и ги предаде на Обвинителство пиштолџиите од „Скендербег“, меѓу кои и Јусуф Кока, дел од медиумите и партиските ботови ширеа дезинформации дека „пиштолот на човекот кој пукаше кај Скендербег не бил вистински пиштол“, поставувајќи фотографија од Кока.

Меѓутоа вистината е дека Обвинителство му одреди четири месеци домашен притвор на Кока, и дека друго лице е човекот кој поседуваше „пиштол што не е пиштол“.

Дезинформациите и обидите за предизвикување меѓуетнички тензии беа дел од кампањата на опозициските партии ВМРО –ДПМНЕ и Левица. Тие, преку социјалните мрежи и медиумите под нивна контрола ширеа дезинформации, омраза и страв кај граѓаните.

Вечерта на 5 јули, интернет страницата News1.mk објави текст со наслов „(ФОТО) Навивачи на Шверцери – Шкупи протестира на другата страна на Вардар “. Текстот се појави за време на насилните протести против решението на ЕУ за македонско-бугарскиот спор, што се одржаа пред трите македонски институции, Собранието, Владата и МНР.

Ознаката „Дезинформација“ е редакциска и е ставена врз скриншот од насловот и фотографијата на текстот објавен на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

На 12 јули, Твитер профилот Блефер @el_padrino објави старо видео од предизборната кампања за парламентарните избори, придружено со провокативна порака. Според Мониторинг тимот на ЦИВИЛ кој веднаш реагираше на оваа дезинформација, се работи за намерна манипулација со емоциите на луѓето со цел да се предизвикаат омраза и тензии врз меѓуетничка основа.

Ова е само мал дел од дезинформациите што се ширеа за време на дебатата за европскиот предлог во Собранието. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ постојано архивираше и објавуваше содржини во кои се разобличуваат дезинформациите.

Пропагандните кујни работат ù за време на летните одмори, (со помал интензитет), додека нивните работодавци/шефови се сончаат на некоја плажа.

ЦИВИЛ повеќе пати апелираше до јавноста и медиумите да не поттикнуваат омраза и насилство и да се воздржат од ширење дезинформации, а до надлежните институции, да ја исполнат својата законска обврска да ги заштитат јавниот интерес, мирот и безбедноста.

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ и редакцијата Цивил Медиа.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ