• Latest

Регионален состанок на министрите за здравство за превенција од ХИВ, маларија и туберкулоза

May 7, 2018

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Регионален состанок на министрите за здравство за превенција од ХИВ, маларија и туберкулоза

May 7, 2018 13:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Континуирана и долгорочна имплементација на програмите за ХИВ и туберкулоза и одржување на ниската стапката на двете епидемии, ќе се обезбеди со новата нацрт национална стратегија за ХИВ за периодот 2017-2021 и нацрт Националната стратегија за туберкулoза 2018-2022 година во кои се опфатени главните предизвици од транзицијата и завршувањето на финансирањето од страна на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и турбекулоза и преземањето на оваа обврска од страна на Министерството за здравство.

Ова го истакна министерот за здравство Венко Филипче на отворањето на состанокот на министри за здравство на Југоисточна Европа, што почна денеска во Скопје. Учествуваат и заменици министри за здравство и државни секретари во ресорните министерства од Бугарија, Романија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово, Албанија и Србија.

Потенцира дека на предлог на Владата, Собранието на Република Македонија усвои буџет од 95 милиони денари (1,5 милиони евра) за програмата за превенција, третман, грижа и поддршка за ХИВ и 30 милиони денари (половина милион евра) за програмата за контрола на туберкулозата во Република Македонија. На почетокот на годинава, нагласи, беше објавен втор оглас за граѓанските организации, а договорите ги потпишавме во февруари годинава со вкупно 15 организации кои ги имплементираат превентивните активности кај клучните полулации за ХИВ.

Министерот Филипче рече дека во рамки на овој механизам за партнерство, веќе се спроведува превенција на ХИВ кај клучните популации, односно мажи кои имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дрога и сексуални работници, позитивна превенција и психосоцијална поддршка кај лица со ХИВ и нивни партнери, теренско тестирање за ХИВ и советување, психосоцијална поддршка за лица што се лекуваат од зависност од дрога, дијагноза и третман на сексуално преносливи инфекции и услуги за сексуално и репродуктивно здравје кај засегнатите популации на граѓани и кај младите лица.

– Државата одвои и доволен и соодветен буџет за продолжување на набавката на антиретровирусна терапија. Во наредниот период ќе усвоиме нови политики и финансирањето на програмите за превенција. Во партнерство со граѓанскиот сектор и претставниците на заедниците во текот на оваа година работиме на изнаоѓање на долготраен и одржлив механизам за финансирање на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза. Со тоа ќе воспоставиме институционална рамка и ќе гарантираме финансиска одржливост во иднина, рече Филипче.

Посочи дека во исто време ги разгледуваат можносите за зголемување на обемот на сервиси, особено онаму каде што имаме концентрирана епидемија и додаде дека на тој начин целосно ќе одговорат на предизвикот за одржување ниска стапка на ХИВ и на туберкулозата и во остварувањето на одржливите развојни цели.

Извршниот директор на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и турбекулоза, Питер Сендс рече дека Македонија е навистина покажува голема решителност и знаење како да се справи со предизвиците на транзицијата.

– Тука видовме посветеност и покажување лидерство на оваа тема и значителна посветеност на домашните ресурси и проактивна ангажираност на граѓанското општество. Забележавме и напредок во однос на зголемување на програмите и значително влијание врз туберкулозата. Во многу земји во последната деценија видовме намалување на морталитетот предизвикан од туберкулоза за 50 отсто што е постигнување. Бројот на луѓе на кои живеат со ХИВ и Сида продолжува да се зголемува, а стапката на преваленца во некои од главните популации се уште се високи.Значи постојат недостатоци во превенцијата и третманот на ова заболување, истакна Сендс.

Додаде дека за да се решат овие проблеми мора да се најде начин да се тргнат овие пречки за пристап кон здравствена заштита, а основа за тоа е потребата да се одржи лидерство во политичкото и во граѓанското општество и доделување ресурси за таа намена.(МИА)

Tags: маларијасостанокстратегијатуберкулозаХИВ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ