• Latest

Ричлиев: Медиумите се бранителите на граѓаните

November 8, 2017
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ричлиев: Медиумите се бранителите на граѓаните

November 8, 2017 16:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Ричлиев, новинар и медиумски аналитичар, во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате под слобода на изразување, медиумски слободи и активизам?

Ричлиев: Тоа се основни човекови права. Секој има право да се изрази и секој има право да го објави своето мислење. Медиумите можеби во тоа имаат малку поодговорна улога отколку граѓаните и улогата на медиумите во промовирањето на слободата е исто така многу битна. Ние поминуваме низ еден тежок период каде што медиумите беа под голем притисок и оценките за слободата на изразување, воопшто, и на медиумите се многу лоши. Но, се надевам дека тој период е зад нас и сега доаѓаме до сосема нови предизвици затоа што медиумите се во прилично девастирана состојба и од етички и од професионален аспект.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Ричлиев: Секако како новинар, практикувајќи ја слободата и застанувајќи на страната на граѓаните. Значи имаме понекогаш заборавено некои основни работи, како на пример, зошто се медиумите воопшто овде. Медиумите се тука за да застанат во одбрана на граѓаните, на интересите на граѓаните пред власта. Тие се бранителите на граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се справувате со некакви притисоци и на кој начин се справувате со нив?

Ричлиев: Секако дека сум се среќавал со притисоци. Во мојата кариера и како новинар, и како уредник и како главен уредник сум се соочувал со огромни притисоци. За жал тоа можеби не се случува до таа мера, но, ние навистина влегуваме во еден период, кадешто да се биде уредник беше да се биде меѓу чеканот и наковалната. Затоа што притисоците од политичките и економските фактори беа огромни а од друга страна поддршката за граѓаните од медиумите и новинарите беше опадната. Така што ги преживеав тие тешки моменти и се надевам дека сега ќе биде поразлично.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Ричлиев: Иницијалната каписла, секогаш мора да дојде од граѓаните. Граѓаните да станат свесни дека вистината е нивна и тие треба да ја знаат вистината. Вистината да е основна и поривот да доаѓа од граѓаните. Затоа што многу е полесно медиумите да работат кога интересот за граѓаните е поголем. Затоа кај граѓаните мора да има и медиумска писменост и да се научат да препознаат вистина од лага. Ние живееме во едно време кадешто многу тешко се распознава вистина од лага. Можеби затоа што има многу повеќе лаги од вистини. Но граѓаните мора да научат, а медиумите треба да бидат најодговорните и да работат на својот интегритет и ентитет, за да можат граѓаните да им веруваат.

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Биљана Јордановска


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Tags: @активизамЗоран Ричлиевмедиумски слободиновинарствослобода на изразувањеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ