-Факт е дека после локалните избори ВМРО-ДПМНЕ сака да ја оддржи тензијата на таа победа, изедначувајќи ја со парламентарни, па дури и со претседателски избори. Но според мене има една сериозна, па дури би рекол и една опасна работа – што овој Референдум, иако тоа јавно не се кажува, е насочен на еднонационална основа, а тоа е Македонците да гласаат.
И на нив не им е многу важно дали тоа ќе успее. Тие знаат дека тој Референдум нема да успее. Важно е да имаат околу 500.000-600.000 гласови, вели новинарот и колумнист Ерол Ризаов говорејќи на панел дискусијата организирана од ЦИВИЛ под наслов: „Зад димната завеса: Со референдумот, или на него“, кој додава дека таквиот еднонационален референдум е сериозен подривачки факт во државата кој може да направи големи штети, бидејќи се смета дека потоа по изборите пак со референдумот ќе се одржува тензија и дека ќе се добијат 400.000 до 500.000 гласови (главно во ВМРО-ДПМНЕ) што за нив би било голема победа.
-Мислам дека зад „домашната математика“ не треба да се игра, бидејќи тие што викаат дека тоа е криење зад народот, во овој случај криење зад Македонците, би навело голема штета, вели Ризаов.
-Во една прилика имам кажано – што би било кога Бугарите би направиле референдум? Таму преку 80% би биле да не добиеме право на преговори.
Д. Варошлија
Камера: Горан Наумовски
монтажа: Ариан Мехмети