• Latest

Роберсон: ЦИВИЛ е секогаш чекор понапред

June 7, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Роберсон: ЦИВИЛ е секогаш чекор понапред

June 7, 2018 11:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„За неодамнешниот извештај на ЦИВИЛ за локалните избори, во однос на изборите понудив меѓународна перспектива за човекови права. Доколку не сте го прочитале извештајот, ве потикнувам да го сторите тоа“, изјави Хедер Роберсон, експертка за човекови права и за Балканот на јавниот настан „Аларм: Слободни избори, услов за кој (не) се преговара“ .

Според Роберсон, од надвор перспективата за Македонија е позитивна и ставот на меѓународната заедница е дека земјата конечно „избра демократија“, но останува фактот ако некој сака да ја проучува Македонија мора и да ја посети инаку не само што нема да ја добие вистинската приказна за држават, туку ќе добие и погрешната приказна.

„Говорејќи како Американка, можам да ви кажам дека особено ние ги сакаме ваквите приказни, бидејќи го потврдуваат нашето верување дека во суштина сите сакаат да бидат како нас. Само кога би можеле да ги тргнеме “лошите лидери“, сé ќе се среди… Сепак, дури и ова навистина да е тенденцијата на меѓународните претставници, секогаш да сакаш да ги чуеш добрите вести и да ги обесхрабриш изворите на лошите вести, тука на терен мора да бидеме посебно внимателни со ваквиот начин на размислување и да бидеме искрени со себе си. Зошто? Затоа што она што е важно е самото човечко искуство и остварувањето на човековите права и слободи во реалниот живот, не само како ја перцепираат земјата“, истакна Роберсон.

Таа додаде дека работата што ја врши ЦИВИЛ е битна затоа што не се согласува со наративот дека Македонија го направи “вистинскит избор“ и сега го има “вистинско раководство“, туку сé уште притиска, сé уште критикува, сé уште апелира дека мора да се работи подобро и да се биде целосно транспарентен во преговорите и реформите.

„Меѓународната заедница има тенденција да има мошне тесен фокус. Ние имаме тенденција да ги гледаме изборите во однос на прашањата за тоа што се случува на денот на изборите и во периодот непосредно пред и по изборите. Ние прашуваме, дали изборите беа украдени? Дали исчезнаа гласачки ливчиња? Дали луѓетео беа заплашувани? Дали можеа да си ги најдат избирачките места? Секако, сите овие се важни прашања. Сепак, ова е само мало делче од сложувалката. Исто така, од суштинско значење е да се разгледаат целокупните услови надвор од изборите. Важно е условите да постојат и за нови чинители да моќат да изградат доверба за нивните идеи. Не велам дека сé што има назив “граѓанско општество“ е добра работа, но битно е да се формираат нови групи на интерес и да напредува граѓанско општество“, рече Роберсон.

Роберсон упати да се прочитаат извештаите на  ЦИВИЛ, бидејќи се различни од сите останати што ги прочитала на тема човекови права и слободи, во контекст на гласачките права. Исто така, таа истакна дека ова е вистинскиот начин да се развиваат односите со засегнатите страни, граѓанското општество и демократија.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Tags: изборимеѓународна заедницаХедер РоберсонЦивилчовекови права
Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ