• Latest
Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на Совет на општина Штип / фото: М.Муриќ, ЦИВИЛ

Рогожарска Поповска: Според податоците од пописот партиите ќе знаат какви програми да изработат за локалните избори

March 6, 2021
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Рогожарска Поповска: Според податоците од пописот партиите ќе знаат какви програми да изработат за локалните избори

March 6, 2021 12:18
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на Совет на општина Штип / фото: М.Муриќ, ЦИВИЛ

Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на Совет на општина Штип / фото: М.Муриќ, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Со добивање на точни податоци преку спроведување на пописот ќе може да се креираат политики, но не политики од политички партии, туку политики што го засегаат целокупното општество“, вели претседателката на Совет на општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска, на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Попис: Статистика, не политика“ која се одржа во Штип на 4 март 2021 година.

„Како Претседател на Совет на општина Штип ние секоја година, или на секои три години носиме развојни програми од одредена област. Ќе го спомнам последниот пример кога требаше да се изработат програми и стратегии за развој на општините во делот на социјалните политики. На првата страна што ми остави впечаток вели: ‘Во Штип има толку и толку жители, од кои толку и толку се од таква и таква националност… и завршува, се повикуваме на извори од пописот во 2001 година’. Ние сме сега 2021 година, односно 19 години ние немаме податоци и не знаеме колку жители има, која е нивната етничка, родова, верска припадност.

Попис ни е апсолутно неопходен ако сакаме да знаеме во која насока се движиме. Во Штип има факултет, и ние немаме точни податоци колку лица се со високо образование или имаме повеќе кадри кои имаат завршено средно образование.

Би било совршено доколку пописот се одвива целосно електронски како што бара опозицијата, но ние не знаме колку граѓани имаат основно познавање на компјутерски вештини, не знаме колку лица има што не знаат ниту да читаат, ниту да пишуваат, прашањето е каде ќе се најдат овие луѓе?

Со оглед на тоа дека речиси 20 години нема попис во нашата држава, ние не знаеме точно колку луѓе се иселиле и која е причината за нивното иселување и дали ние можеме да направиме трајни стратегии.

Никој не гарантира дека нема да има пропусти во целиот систем со оглед на тоа дека ние 19 години не спроведовме попис, и затоа треба да работиме да се отстранат сите проблеми, бидејќи пописот не треба да го одложиваме до недоглед“, вели Рогожарска Поповска.

Маријана Рогожарска Поповска, Претседателката на Совет на општина Штип, на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Попис: Статистика, не политика“ (4 март 2021) / фото: М.Муриќ, ЦИВИЛ

Таа вели дека во 2019 година имаше пилот проект, односно пробен попис во 13 општини и помина без проблеми и истиот се спроведуваше на овој начин како сега.

„Би сакала да не се користи терминот „резултати“ оти се добива погрешна перцепција, бидејќи сме научени на секои 6 месеци да имаме изборни циклуси, па затоа таа политичка поделеност ни прави дали да ги признаеме или да не ги признаеме резултатите од пописот. Подобро би било да кажеме – прибраните информации и податоци, можеби тој израз на граѓаните подобро би им звучело…

Вистинските бројки добиени од пописот ќе им помогнат на политичките партии при изработката на програми за локалните избори, односно би ни дале реална слика што е вистинска потреба на граѓаните и каде треба да се насочиме“, истакна Рогожарска Поповска.

Д. Муратов

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ