• Latest

Ромите се користат за валкана кампања – се(к)ирџиски!

October 4, 2017

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ромите се користат за валкана кампања – се(к)ирџиски!

October 4, 2017 16:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Брашно“, „зејтин“, „500 денари“…, тоа се првите асоцијации што му текнуваат на човек кога ќе се спомнат Ромите, во однос на изборните процеси. За жал, од работата на терен, и од извештаите на ЦИВИЛ Центар за слобода, може да се заклучи дека ромската етничка заедница се користи како евтино гласачко тело.

Низ македонската изборна историја, евтиниот глас на Ромите, многу пати е злоупотребен. Некои политички структури, дури и од ромскиот политички кампус, гласовите на Ромите ги даваа(т) на бронзен послужавник за ситни пари, а со тоа ја запечатуваа(т) судбината на ромската заедница која со години нема свое „јас“ и свој вистински глас во ниту една сфера од општествените промени.

Групното и семејно гласање стана заштитен знак на ромската етничка заедница. Меѓутоа, во последните неколку изборни циклуси, покрај поткупот на гласови, актуелни стануваат и инцидентите што се случуваат кај Ромите за време на изборната кампања. Насловите од новинарските архиви и извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ сведочат за ваквите состојби: „СДСМ со расипано месо поткупува гласачи во Шутка“ (2011), „ВМРО-ДПМНЕ купува ромски гласачи со зејтин и вреќи брашно“ (2013), „Шекеринска нападната од Амди Бајрам“ (2014), „Изборен поткуп на Ромите со огревно дрво“ (2016), „Амди фатен како дели пари“ – (извештај на набљудувач на ЦИВИЛ), „Се кине кај што е најтешко“ – (сведоштво на ЦИВИЛ)…

Во изминатите неколку дена, откако започна кампањата се случија неколку помали прекршоци во Шутка. Најсериозен инцидент е физичкиот напад врз Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари, а воедно и кандидат за градоначалник на општината за локалните избори. Бајрам пред два дена на улицата „Гвадалахара“ во Шуто Оризари, со шипки бил физички нападнат и повреден додека одржувал средби со граѓанките и граѓаните. Заедно со Бајрам бил и Аднан Мемед, шеф на кабинетот на градоначалникот. Противкандидатот, Курто Дудуш, тврди дека групната тепачка настанала откако Елвис со своите пајташи нападнале жена која им се спротиставила додека ги кинеле плакатите од штабот на СДСМ во Шуто Оризари.

Од МВР информираат дека се идентификувани и повикани на разговор неколку лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување. Додаваат дека секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран.

Полицијата мора брзо да го расчисти овој случај за да не расте гневот. Ако надлежните не го расчистат случајот, повеќе од очигледно е дека одмаздата до напаѓачите ќе следи по изборите.

Шуто Оризари и останатите ромски маала во државата, досега се третирани како гето и речиси воопшто не се работи на едукација на гласачите и никој не им дели советодавни материјали, не им ги објаснува правата и обврските.

Она што е најважно, по ваквите инциденти е полицијата да покаже дека навистина не е партиски послушник, (како што беше претходно, МВРО), туку дека е на сите граѓани, и да биде присутна во општината и останатите ромско-турски маала. Особено, откако во изминатите десет години „редот“ во Шуто Оризари го одржуваше приватна агенција за обезбедување, со амин на Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков.

Овој случај треба да има разрешница, да не се стави „под тепих“ како што беше нападот на Амди врз Шекеринска на денот на изборите во 2014 година, или како што сè уште нема никаква пријава за градоначалникот Елвис, кога претепа граѓанин на пазарот во Шутка.

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта, и партијата СРМ почна да ја губи поддршката на граѓан(к)ите, Амди повеќе не е апсолутен „владетел“ и крал на Ромите. Неговото владеење убаво го објаснува Сашо Ордановски во својата колумна –„Среден прст за Амди“, каде што потсетува дека: „Ромите се секогаш со власта“, а Амди сега не е со власта…

Прашањето е зошто Ромите секогаш се користат за валкана кампања? Зошто една од помалите групи на граѓан(к)и (според последниот попис на население, кој одамна е застарен), ги полнат извештаите на набљудувачите и насловните страници на медиумите за изборни прекршоци, поткуп и тепачки, кога немаат моќ да влијаат на крајните резултати за тоа која од поголемите политички партии ќе биде на власт, знаејќи го фактот дека гласовите на Ромите се расцепкани и не гласаат за еден претставник, бидејќи има седум официјални ромски политички партии.

Сепак, евтиниот ромски глас е многу скапоцен за локалните избори. Искуството и досегашните извештаи велат дека токму ромските гласови одлучиле кој ќе биде победник во некоја општина. Но, нивниот скапоцен одлучувачки глас, досега евтино купен, се заборава веднаш по пребројувањето на гласовите, сѐ до наредните избори! Дали и овие локални избори, Ромите ќе се користат за валкана кампања и ќе се „влече Циган по Циган за уши и ќе се носи на гласање“! И дали ромските политичари и гласачи ќе станат свесни за значењето на слободни, фер и демократски избори, без притисоци, поткуп и закани, бидејќи само така ќе се искорени и повеќе нема да го слушаме и читаме, она – „Се молат Ромите да не прават Цигански работи“!

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Амди бајрамЕлвис Бајрамлокални избориполицијапоткупромски гласовиСДСМСРМтепачкиЦивилШуто Оризари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ