• Latest
Добро утро со Орданоски

Репортери со граници

April 26, 2018

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Репортери со граници

April 26, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]осле долги години упорно тонење на скалата на „Репортери без граници“ за квалитетот и состојбите со и во македонските медиуми, годинава е направен пресврт: се искачивме скромни две места на тој рејтинг. Подобрувањето на позицијата е безначајно, од 111-то на 109-то место. Но, промената на трендот – наместо надолу, нагоре – е она што е важно.

Годинава тој угорен тренд треба да се стабилизира и да се забрза, па идната година скокот да биде меѓу пет и десет места на меѓународното скалило за медиумските слободи и за медиумските состојби во светот. Друг резултат во иднина би можел да се интерпретира како неуспех.

Но, за таа задача, за разлика од многу мои колеги, не мислам дека Владата е онаа која е единствена, па дури ни пресудно надлежна. Всушност, ако власта и државата можат да бидат главниот фактор за влошување на состојбите со медиумите во која било земја, нивната улога за подобрување на медиумските состојби не е неважна, но е далеку поограничена. Изброени се формалните области во кои се очекува коректно функционирање на државата во медиумскиот систем.

Пред сè, тоа е сферата на регулативата и нејзиното доследно спроведување во медиумската реалност. После години преправки и доправки, нашите медиумски закони (вклучувајќи ги и оние од работните односи), горе-долу, се коректни и меѓународно „сертифицирани“. Нивното спроведување и контролата во тие области е она што треба да се подобрува.

Следната важна „државна“ занимација е функционирањето на јавните информативни и медиумски сервиси, пред сè, во нашиот случај, Македонската радио-телевизија. Со оглед на стотиците илјади критички редови напишани и изговорени на оваа тема, не чувствувам потреба за понатамошна елаборација. Нашите состојби во оваа област се рамни на национално предавство.

Потоа, државата е надлежна за воспоставување и спроведување на стандардите во медиумското образование, но и тука пазарот (и во образованието и оној на трудот) се поважни фактори од самата државна интервенција.

Регулацијата и надзорот на медиумскиот пазар, пак, се можеби најважните алатки што ѝ стојат на располагање на државата, иако и таму има поважни, комерцијални принципи и независни тела кои ги регулираат лиценците, стандардите, конкуренцијата и сл., чија работа би требало да биде „имуна“ од влијанието на државата. Откако, за почеток, државата ќе се откаже од арбитрарни, политички и финансиски интервенции – како што тоа го правеше претходната власт (и) со милиони евра од државниот Буџет – владата може да интервенира кај медиумите со специјални даночни олеснувања или финансиски субвенции. Но, за тоа не треба само политичка волја и административен капацитет, туку и реални извори и поширок консензус во медиумската индустрија, за да не дојде до поголема штета од корист од таквите интервенции.

Сепак, има едно „невидливо“, политичко мешање на власта кое тешко се квантификува и квалификува: од една страна, државните извори за информации мораат да бидат рамномерно достапни и транспарентни до сите заинтересирани медиуми, без разлика на нивната критичка содржина кон власта; и, од друга страна, ако државата, особено во своите функционерски „врвови“, реши со своето присуство да легитимира медиумски содржини на разни будалетинки кои, на пример, тврдат дека Земјата е рамна, тогаш медиумските кловнови и шундот ги носат во центарот на општествената сцена, правејќи ги нивните бесмислени ставови релевантни и влијателни, наместо да ги остави на медиумските маргини каде секогаш има доволно други гости и публика заинтересирани за забавни глупости и бизарности од секаков вид. Со ваквиот однос кон медиумите демократската јавност постепено се убива, наместо да се негува и развива.

Другото во медиумскиот систем е работа на успешната конкуренција на пазарот, на следењето на технолошките иновации, на синдикалните и професионалните здружувања, на желбата за постојано образование и обуки, на новинарската и медиумската саморегулација, на почитувањето на авторските права, на градењето на критичка и ангажирана јавност, на способноста да се привлечат странски инвестиции, на осудата на говорот на омраза, на воздржувањето од клевети и навреди, на негувањето на новинарската љубопитност… И на инсистирањето на професионален интегритет (и во новинарството и во медиумскиот бизнис!), дури кога околностите се неповолни за тоа.

Сакам да кажам, ако го преживеавме Груевски, Заев не би требало да ни е голем проблем. Има бројни работи што ние, во светот на нашите медиуми, треба да си ги расчистиме и завршиме, пред здружено да се занимаваме само со „дворот на власта“ и со озборување и малограѓанско изживување врз „некаков“ Роберт Поповски, на пример. Ако се разбираме што сакам да кажам.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владавластМакедонијаМедиуминезависностновинариРепортер без границисаморегулацијаслобода
Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ