ВЕСТ НА ДЕНОТ
Руски воен брод, кој беше оштетен од експлозија во средата, потона, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Би-Би-Си.
Воениот брод „Москва“, предводникот на руската Црноморска флота, беше влечен до пристаништето кога „бурните мориња“ предизвикаа да потоне, се вели во пораката на Министерството.
Ракетниот крстосувач со 510 членови на екипажот беше симбол на воената моќ на Русија, што го предводеше нејзиниот поморски напад врз Украина.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Касјанов: Путин е целосно луд, сака да не врати во 19. Век
„Прво за самиот Путин, дали е луд. Не можеме да го докажеме тоа медицински. Јас не сум доктор и не сум околу него. Од медицинска гледна точка, не можам да кажам ништо, но можам да зборувам за политички менталитет, за политичка одговорност Да, тој се однесува како целосно политички лудак бидејќи беше сосема неочекувано. Тоа противречи на 21. Век. Сака да не врати во 19. век и да ги врати сферите на влијание. Ова е многу лоша работа. Тоа е во целосна спротивност со сиот здрав разум и нормалните луѓе од 21. век. Затоа велам дека Путин е политички луда личност, рече уште Касјанов, потсетувајќи дека додека тој беше премиер Русија имаше одлични односи со европските. Унијата, НАТО и САД.“, изјави поранешниот руски премиер Михаил Касјанов.
ЕДИТОРИЈАЛ
Добредојдовте „зад димната завеса“,
од Џабир Дерала
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не се предава и води војна против Русија. Тој требаше да се предаде и да ѝ дозволи на руската армија да навлезе во Украина и да ја окупира. Наместо отпор, тој требаше да организира цветни дефилеа и шпалири од луѓе кои фрлаат со цвеќиња по колоните руски тенкови и оклопни возила, како што тоа го планираше Путин. Тогаш, немаше да има (толку) цивилни жртви.
Вака некако изгледа (дел од) пропагандната димна завеса која, по потреба, се спушта и се подига во јавноста, како во Северна Македонија, така и насекаде низ светот.
Добредојдовте „зад димната завеса“. Неуморната екипа на ЦИВИЛ продолжува да ги растерува темните облаци од дезинформации и пропаганда. Главно оружје на оваа екипа се фактите на реалноста таква каква што е. Тоа е исклучително тешка задача, бидејќи во овие тешки конфликтни времиња, вистината е првата жртва на боиштата, и оние политичките и воените.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРОТЕРАНИ ДИПЛОМАТИ Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата, информираат од МВР.
УНХЦР Новата статистика објавена од УНХЦР на 14 април покажува дека 4.736.471 Украинец ја напуштиле земјата поради војната, што покажува зголемување за 80.000 луѓе во споредба со претходните податоци.
ШТРАЈК Владата и претседателството на СОНК, придружено со претставници на дел од регионалните одбори на синдикатот во текот на претстојниот викенд остануваат во комуникација за да се најде взаемно прифатливо и достоинствено решение за одредено зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување.
РУСИЈА Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу добил масивен срцев удар и завршил на интензивна нега поврзан со машини за одржување во живот. Непотврдените информации ги соопшти руско-израелскиот бизнисмен, поранешен косопственик на Јукос, Леонид Невзлин, повикувајќи се на свои извори во Москва, укажуваат дека покрај тоа, биле уапсени околу 20 руски генерали, пренесува Украњуз.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Кој навива за „добивање вето за ЕУ“ од Хрватска за случајот со ракометарот Тот?
На социјалните мрежи и во дел од медиумите се шири дезинформација дека е можно Хрватска да и стави вето на нашата држава за отпочнување на преговорите со ЕУ, поради, како што пишуваат „обидот за прикривање“ на убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје.
ДИСТРИКТ
Максути: Урбаната мафија си прави што сака зошто ние граѓаните сме прекротки
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Мерита Максути – архитект, американски постдипломец за урбанистичкото планирање, невладина активистка за хуманитарно и еколошкото живеење со забележлива посветеност за подобрување на урбаниот простор, докажан борец за хумани општествени промени и за почовечно живеење.
МУЛТИ КУЛТИ БРИФ #6
ЦИВИЛ во изминатата недела имаше интензивни активности во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“. Во шестото издание на неделниот магазин „Мулти култи бриф“ накратко беа презентирани активностите на ЦИВИЛ.
Претставници на ЦИВИЛ во рамки на Иницијативата оваа недела остварија средба со членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и со Народниот правобранител, Насер Зибери.
Претставници на ЦИВИЛ, досега остварија средба со Претседателот Стево Пендаровски, со Националниот коoрдинатор за интеркултурализам и едно општество, Роберт Алаѓозовски, со директорот и заменик директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Еран Куртиш и Џељал Хоџиќ, како и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
Д. Тахири