Русија се подготвува да започне „голема информативна и психолошка операција“ против Украина, изјави министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, јавува дописничката на Си – Ен – Ен од Киев.
„Целта на операцијата е да го скрши отпорот на Украинците и на украинската армија со лаги“, рече Резников во изјавата.
Според министерот за одбрана, Русија планирала да создаде „проблеми во комуникацијата“ и да фабрикува извештаи дека военото и политичкото раководство на Украина „се согласило да им се предаде“ на руските сили.
„Како „потврда“ за ова, ќе се шират лажни – наводно потпишани – документи, како и монтирани лажни видеа“, рече Резников.
„Ова е лага. Ова нема да се случи. Нема да има предавање! Само победа“, додаде тој.