• Latest
Само до крајот на мај, 2022, регистрирани се повеќе од 7,8 милиони украински  бегалци, а уште 8 милиони се внатрешно раселени. (Фото извор: Wikimedia Commons, Mirek Pruchnicki)

Руската агресија е закана за целиот свет, почеток на нова крвава ера

November 20, 2022

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Руската агресија е закана за целиот свет, почеток на нова крвава ера

November 20, 2022 19:40
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Само до крајот на мај, 2022, регистрирани се повеќе од 7,8 милиони украински  бегалци, а уште 8 милиони се внатрешно раселени. (Фото извор: Wikimedia Commons, Mirek Pruchnicki)

Само до крајот на мај, 2022, регистрирани се повеќе од 7,8 милиони украински бегалци, а уште 8 милиони се внатрешно раселени. (Фото извор: Wikimedia Commons, Mirek Pruchnicki)

Share on FacebookShare on Twitter

Тоа што Путин велеше дека ќе биде тридневна „специјална операција“ во Украина, се претвори во крвава, речиси десетмесечна воена агресија во која руската армија и платеничките паравојски спроведуваат брутални воени злосторства против цивилното население на секој чекор.

Русија претрпе понижувачки пораз од десетпати послабо вооружената украинска армија и од граѓанките и граѓаните кои со оружје и со невиден хероизам ја бранат својата земја. Освен тоа што Путин без причина изврши ѕверска воена агресија врз една независна и мирољубива држава (уште во 2014 година), тој се заканува од корен да го промени меѓународниот поредок и да воведе нова крвава ера во светот.

Во тој контекст е и извадокот од едиторијалот на Џабир Дерала под наслов „Зошто судбината на Украина е и судбина на светот?“, објавен на 3 ноември:

Бруталната агресија на Русија против Украина веќе во 2014 година, а уште повеќе со обидот за целосна инвазија во 2022 година, повторно се создаде простор за „убивање на државите“ со негирање на територијалниот интегритет на државите. Така, овој крвав конфликт во кој понижувачките порази на фронтот, Путиновата солдатеска ги компензира со воени злосторства против цивилното население и со глобална закана со енергенси и храна, може да стане секојдневие насекаде низ светот.

Ако Путин и неговите партнери барем делумно успеат во своите злосторнички намери и ако тие се извлечат од одговорноста за ѕверската агресија и таргетирање на цивилите, светот кој го познаваме ќе потоне во заборав. Наместо тоа, можеме да очекуваме секојдневни нови воени жаришта и терористички акции, нуклеарни закани, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот.

Затоа, судбината на Украина е и судбина на светот.

Зошто судбината на Украина е и судбина на светот?

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: агресијавоени злосторстваПутинРусијатерорУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ