• Latest

Руската брутална агресија против Украина за претседателката Сиљановска-Давкова е „руска воена операција“!?

January 18, 2025

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Руската брутална агресија против Украина за претседателката Сиљановска-Давкова е „руска воена операција“!?

January 18, 2025 17:33
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во својот говор пред дипломатите ја нарече бруталната руска воена агресија против суверена Украина со израз кој како да е диктиран од руската амбасада: „руска воена операција“.

Во говорот пред дипломатите, претседателката Сиљановска-Давкова, исто така, го употреби изразот „руско-украинска војна“, иако се работи за војна на агресија или злосторство на агресија, што во литературата се опишува и како „фундаментално злосторство“.

Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд се однесува на кривичното дело агресија како едно од „најтешките злосторства што ја засегнува меѓународната заедница“ и предвидува дека кривичното дело спаѓа во надлежност на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Универзитетската професорка, сега и претседателка на државата, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ која, меѓу многуте други, го предава и предметот „Суверенитет – теорија и пракса“, едноставно, не направи разлика меѓу руската воена агресија каква што е позната во целиот свет и изразот „руската воена операција“, својствен на рускиот воено пропаганден вокабулар од почетокот на целосната воена агресија во 2022 година.

На почетокот, „специјална воена операција“ или „воена операција“ беше единствен дозволен израз со кој руските пропагандисти, но и обични луѓе, смееја да ја наречат руската воена агресија. Не смееја ни зборот војна да го употребат – се одеше в затвор за тоа.

За разлика од почетокот на агресијата, дури ни рускиот злосторнички режим веќе не успева да најде оправдување за казнување на своите граѓани и новинари кога го спомнуваат зборот војна.

Но затоа тука е претседателката на Северна Македонија да „потсети“ и да ги воскресне пропагандните наративи на злосторниците од Кремљ. На дипломатски прием!

Џабир Дерала


Текстот е личен став на Авторот – Редакцијата и Издавачот не сносат одговорност за изречените ставови.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ