• Latest

Рускиот рулет на ВМРО-ДМПМНЕ

August 14, 2018

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Рускиот рулет на ВМРО-ДМПМНЕ

August 14, 2018 13:07
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Некои луѓе се толку инфицирани со лицемерие и плиткост што за нив ништо не значат јавно искажани ставови, ништо не им значат фактите и реалноста во која живеат. Како да се одвоени од себе, како да живеат нечиј друг живот, привремено, а својот живот го ставиле во тегла, како зимница. Изгледа како да не можат да разберат дека работат против себе и против своите блиски.

Пишува: Џабир Дерала

Никогаш не сум можел да ги разберам оние што мислат дека штетата што им ја нанесуваат на своите сограѓанки и сограѓани и не е толку голема, дека има сили што секако ќе ја завршат работата наместо нив, а тие во меѓувреме можат да бидат неодговорни, а и да ќарат некој денар или некоја позиција. А сум се обидел, многу пати. Не дека немам разбирање, туку не можам да ги разберам, вистински сум запрепастен од плиткоста и двојноста. Но, како што минува времето, колку што сум запрепастен, толку сум и згрозен.

Да се прочита и разбере

Јас ја почитувам определбата да се биде против Спогодбата меѓу Македонија и Грција, под услов тој документ да биде прочитан и разбран. Ретки се, но такви луѓе имам и во своето пошироко и потесно опкружување. И дебатирам со нив. Некои од нив успевам и да ги убедам во фактите што оправдуваат мојата лична одлука да го поддржам македонското приближување до прогресивните демократии во светот (читај: ЕУ и НАТО). Некои ги прифаќаат моите аргументи, но остануваат на своите одлуки. Почитувам. Не се согласувам, убеден сум дека грешат, но почитувам. И тие ја почитуваат мојата позиција. Што е толку тешко тоа?

Тешко ли е да се разбере и тоа дека некој може целосно и остро да се спротивставува на идејата да се бојкотира еден историски референдум како овој на 30 септември, а воедно да ја почитува одлуката на дел од граѓанките и граѓаните, сепак, да бојкотираат? Се разбира, под услов да разбрале за што се работи, да ја прочитале Спогодбата и да ги знаат придобивките од неа, но сакаат сето тоа да го отфрлат во име на поинакви идеи и стратегии.

Преговорите и евергрин разговорите

Толку за односите меѓу луѓето и потребата од разбирање, почит и политичка култура. Сега да прејдам на политика.

Се надевам дека луѓето се свесни дека референдум ветуваа сите политичари откако постои спорот со Грција и откако траат преговорите за надминување на тој спор. Да, преговорите што во ниеден момент не прекинаа, за што сведочат и оние „евергрин“ разговори што своевремено (2015 година) ги слушнавме меѓу Груевски, Милошоски, Мијалков…

Тогаш, Милошоски многу „мудро“ им елаборираше на своите газди на интерфон: „Кога би бирал помеѓу Вардар Рипаблик оф Маседониа и Апер Рипаблик оф Маседониа како едно име, без загради и без ништо друго, или Индипенден Рипаблик оф Маседониа, во заграда Вардар или во заграда Горна, јас би ја одбрал ова опција со заградата“… Што да се додаде на ова?

Русите сакаат нестабилен Балкан

Само треба да се разбере дека, ете, се составија коцките, се најде храбар политичар и од грчка страна што им се спротивстави на националистите и пружи рака на помирување и достоинствено решение за двете страни. Но, тоа значи и вистинско приближување на Македонија кон ЕУ, автоматска покана за влез во НАТО… Тоа на Русите не им одговара.

Не дека ја сакаат Македонија или Балканот, не дека ќе се борат докрај за Балканот, туку затоа што ние им требаме како монета за поткусурување, адут во преговори за поголеми глобални уцени, а и за да бидеме континуирано нестабилни, што ѝ штети и на Европа.

Да не заборавиме, Македонија, стабилизирана и интегрирана значи и незапирлив од кон правна држава во која лидерите на криминалниот режим ќе се соочат со правдата.

Опасна игра

Каде е тука најголемата десничарска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Партијата опасно се заплетка во сопствените игри и сега е потресена од внатрепартиски битки: за спас на старите криминалци… за моќ и внатрешна превласт… меѓу проруски и прозападни струи, што уште не?

Деновиве, ВМРО-ДМПМНЕ игра руски рулет. Ако им подлегне на бојкотирачите, ќе биде несериозна партија (како што и е), затоа што со децении ветува референдум за името.

Ако го поддржи референдумот, пак, членството дополнително ќе им се одлее. Веројатно, тој дел од членството и не им е потребен, ако сакаат да ја рехабилитираат партијата како модерна и европска.

Воедно, одлуката за бојкот ќе го смести вемерето во друштво со вечните лузери и лумпен политиканти (Бачев, Стевчо, Тодор Петров, Грчева, Ванковска, разните од десната Левица и слични…). Притоа, ќе разочара голем дел од членството што е свесно за придобивките од Спогодбата и дека е веројатно последната шанса за влез во НАТО и ЕУ.

Ако не бојкотира, ВМРО-ДПМНЕ ризикува да го изгуби членството што му е веќе инфицирано со анти-НАТО и проруска пропаганда. Ќе придонесе кон успех на референдумот, но сосема малку, бидејќи до сега направи многу штета.

Ова, последново, мора да го има предвид премиерот Заев кога пак ќе седне со Мицкоски на преговарачка маса зад (полу)затворени врати: поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, ако дојде, ќе биде предоцна за да направи сериозна разлика.

Тоа е резиме на оваа партија руски рулет. Одиме понатаму.

 

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 15 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: БачевВанковскаВМРО-ДПМНЕГрцијаГрчеваЗаевМакедонијаМицкоскиреферендумСпогодба
Share133TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ