Руските трупи се обидуваат да упаднат на територијата на челичарницата Азовстал, каде одбраната ја држат украинските борци од гарнизонот Мариупол, објави Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол, на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Мариупол. Азовстал. Окупаторите се обидуваат да упаднат во челичарницата на земја со покривен оган. [Тоа се случува] практично во живо. Ситуацијата станува се посложена од ден на ден“, објави Андриушченко.
Како што е соопштено, борците на Азовскиот полк и нивните соборци го бранат Мариупол повеќе од 75 дена. Во бункерите на челичарницата Азовстал опколени од непријателот има околу 600 тешко ранети војници. Русите постојано ја гранатираат територијата на Азовстал со секаков вид оружје, вклучително и авиони и поморска артилерија, постојано обидувајќи се да ја нападнат.
Министерката за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук изјави дека специјалната операција за евакуација од Азовстал ќе започне со спасување на тешко повредени припадници на војската и ќе се одвива во неколку фази.
Претходно Украина и предложи на Русија да ги размени тешко ранетите борци на Азовстал за руски затвореници според стандардните правила за размена на затвореници. Според Верешчук, во моментов е невозможно да се деблокира Азовстал со воени средства. Бранителите на Азовстал нема да бидат заробени, а Русите не се согласуваат со процедурата за извлекување.
Борците на Азовскиот полк, Националната гарда, украинските маринци и моторизираните стрелци продолжуваат да го бранат опколениот град, 23 ден подоцна од прогласеното „ослободувањето “ на Мариупол, на 21 април, кога рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вооружените сили на Русија и на Доњецката народна република, го ослободиле Мариупол. Според Шојгу, дел од „националистичките“ формации се засолниле во индустриската зона на фабриката „Азовстал“, и дека , на руските војници им требаат три до четири дена, за да ја довршат работата на „Азовстал“.
Истиот дена, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили дента, на 21 април, ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
– Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација, рекол Кадиров во аудио порака.
Дваесет и три дена подоцна , сеуште се водат борби и се врши гранатирање на Азовстал.
Подготви: Д.Мишев