ВЕСТ НА ДЕНОТ
Руски војници силуваат малолетни девојчиња, деца, па дури и бебе!
Во Украина веќе се регистрирани стотици случаи на силување извршени од руски војници, вклучително и врз малолетни девојчиња, деца, па дури и врз бебе, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот говор во Парламентот на Република Литванија, јавува дописникот на Укринформ.
Зеленски вели дека е идентификувано лицето кое го извршило тоа злосторство над бебето. Тоа е рускиот војник Бичков од Псков, падобранец или специјалец. Тој дури им испратил и видео на своите другари, на кое е прикажано како го мачи бебето.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Зеленски: Евидентирани се стотици случаи на силување, меѓу кои и малолетни девојчиња, многу мали деца… Па дури и бебе!
„Во ослободените области на Украина, продолжува работата на евидентирање и истрага на воените злосторства извршени од Руската Федерација. Речиси секој ден се наоѓаат нови масовни гробници. Се собираат докази. Илјадници и илјадници жртви. Стотици случаи на брутално мачење. Во шахтите и подрумите сè уште се наоѓаат човечки трупови. Врзани, осакатени тела. Има села – некогаш прилично големи, кои останале речиси без жители. Стотици деца се сирачиња. Односно, најмалку стотици деца, бидејќи се уште не ја знаеме точната бројка на жртви. Евидентирани се стотици случаи на силување, меѓу кои и малолетни девојчиња, многу мали деца… Па дури и бебе! Едноставно е страшно да се зборува за тоа сега. Но, вистина е, тоа се случи“, изјави Зеленски.
ЦИВИЛ
ЦИВИЛ продира зад димната завеса
„Зад димната завеса“ е проект за медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата што го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.
Критичните процеси за земјата се мета на долготрајна пропаганда од истите, меѓусебно поврзани центри. Тие имаат една заедничка цел – поткопување на владеењето на правото, демократијата, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Со проектот „Зад димната завеса“, ЦИВИЛ ќе преземе серија активности да се спротивстави на тие тенденции.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД.
Муратов: Ако целиме кон еднакво и праведно општество, јас нема да сум бројка и процент
Бројките се тие, јас верувам во пописот, верувам во статистиката, затоа што пописот е статистика, не е политика. За жал, сега дел од политичарите коишто „во име на Ромите“ ќе лицитираат со бројки. Јас не сум бројка, како индивидуа, јас сум личност која што ги ужива истите права со сите други етнички заедници. Ако ние целиме кон едно општество кое ќе биде еднакво и праведно, јас нема да сум бројка и процент. Ако некој сака да ме претстави како бројка и процент, за потоа да седне на маса и да преговара во мое има за тој да си се смести некаде, зборувам за политичарите, нема да застанам зад него и да кажам лицитирај и преговарај во мое име, порача Дехран Муратов од ЦИВИЛ, во Утрински Брифинг.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Од почетокот на руската инвазија, речиси две третини од сите украински деца ги напуштија своите домови, а половина од децата кои останаа во земјата се изложени на ризик да немаат доволно храна, изјави директорот на УНИЦЕФ за итни програми, Мануел Фонтен, на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, јави дописникот на Укринформ.
Според него, половина од проценетите 3,2 милиони деца кои остануваат во Украина се изложени на ризик да немаат доволно храна.
Руското Министерство за одбрана лаже кога тврди дека руската армија не користи ракетни системи Точка-У бидејќи таков проектил беше истрелан на руско-белоруската билатерална воена вежба во февруари, пренесува Укринформ изјава на амбасадорот Јевхени Цимбалиук, постојан претставник на Украина во меѓународните организации во Виена, на специјален состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ посветен на рускиот проектил. напад на железничката станица Краматорск.
Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили употребиле хемиско оружје во нападот на украинскиот стратешки пристаништен град Мариупол, што е под опсада повеќе од еден месец, соопшти синоќа британското Министерство за надворешни работи.
Ефикасното ембарго за увоз на нафта и гас од Русија би можело да стави крај на руската војна во Украина за осум недели. Ова го изјави Би-Би-Си Андреј Иларионов, поранешен главен економски советник на Владимир Путин, пишува URA–Inform.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ШТРАЈК Во основните и средните училишта и во градинките денеска ќе продолжи штрајкот на вработените кој почна вчера организиран од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита. За да се најде решение, најавена е нова средба меѓу синдикатот и владини претставници која веројатно ќе се одржи денеска или утре.
МВР Полицијата располага со видео снимка на која детално се гледа настанот како се одвива, истакна Спасовски, а од разговор постојат повеќе искази за тоа што била причината за настанот.
– Според изјавите што ги имаме тоа е некакво лично недоразбирање меѓу девојката и момчето, информира министерот Спасовски.
Спасовски одговарајќи на новинарски прашања нагласи дека информациите дека нема траги на насилство, како што рече, ги добиле и полициските службеници кои работат на овој случај.
КОВИД МЕРКИ Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.
ПРАВДА Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Драги Рашковски.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Македонските поддржувачи на Путин и оправдувачите на руската агресија, војната и масакрот на цивили, меѓу кои жени и деца во Украина, продолжуваат со засилено темпо да шират руска пропаганда и дезинформации и покрај најавите на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи дека интензивно ќе ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и дека согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело, прочитајте во анализата „Дезинформации и релативизирање на масакрот на цивили во Буча од руските агресори“.
СЛОБОДНА ЗОНА

„Можноста за иселување од земјава ја искористија 258 932 наши сонародници според резултатите од Пописот 2021, со која имаме слика колку се надвор од земјава, а во блиска иднина државата нема конкретна идеја како да ги вратат нашите најблиски, а се повеќе и на нас кои останавме тука желбата за да најдеме прва можност да ги напуштаме нашите домови е се посилна.“, пишува Сафит Зеќири во колумната „Северна тивко се празни“.

„Се „отепавме“ од анализи за причините за поделеноста на македонската јавност во однос на насилната освојувачка политика на Путин… Содржината на социјалните мрежи ја вивисецираме до детали барајќи ги руските тролови кои организирано шират симпатии за она што руската војска го прави во Украина… А ваму, на најголемиот телевизиски „екран“ во државава секој ден (и ноќ) во неограничени количества ни влегува пинковско-хепиевските кичерајски пакувања на информативно-забавната пропаганда на српско-руската актуелна антизападна политика.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Македонската влада и нејзината дволична политика кон Украина… А и кон сите нас“.
БРЗА ПОШТА

„Со образованието се мачиме веќе со години и децени. Единствено што останува конзистентно е покачувањето на платите. Сите ние се сеќаваме на нашите денови од основно образование кога минимум еднаш сме се радувале на „губење“ часови како резултат на наставнички штрајкови и барања за повисоки плати. Во тие моменти најмногу сме изгубиле ние.“, пишува Сотир Габелоски во Брзата пошта „Од штрајкот губат само децата“.
Д. Тахири












