• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонската влада и нејзината дволична политика кон Украина… А и кон сите нас

April 12, 2022

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонската влада и нејзината дволична политика кон Украина… А и кон сите нас

„Македонски телеком“ е најсилната антизападна, српско-руска пропагандна алатка во земјава, а со него управуваат и дузина видни политичари од СДСМ и ДУИ

April 12, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Делува лицемерно актуелната македонска официјална државна загриженост за трагедијата во Украина кога се знае дека Македонска влада предводена од СДСМ и ДУИ, соучеснички (со близу 35% сопственост и „златна акција“ во компанијата), учествуваат во отворената српско-руска пропаганда којашто ни ја „овозможува“ Македонски Телеком со додавањето на низа српски телевизиски канали со треш-програма преку својот сервис МаксТВ. Владава не е во состојба да ја испочитува ни СОПСТВЕНАТА препорака, проследена и од АВМУ, за спречување на официјалната руска пропаганда на „Раша Тудеј“, а потроши којзнае колкави ресурси за наводното оневозможување на „хибридните закани“ по информативниот јавен простор во рамките на активностите на НАТО и ЕУ во земјава. Прашајте кого сакате од надлежните министри, од Славјанка Петровска до Бујар Османи, ќе ве „удават“ во извежбани рецитали за важноста да се спречи антизападната пропаганда и во Македонија и на Балканот.

Се „отепавме“ од анализи за причините за поделеноста на македонската јавност во однос на насилната освојувачка политика на Путин… Содржината на социјалните мрежи ја вивисецираме до детали барајќи ги руските тролови кои организирано шират симпатии за она што руската војска го прави во Украина… А ваму, на најголемиот телевизиски „екран“ во државава секој ден (и ноќ) во неограничени количества ни влегува пинковско-хепиевските кичерајски пакувања на информативно-забавната пропаганда на српско-руската актуелна антизападна политика.

„Македонски Телеком“ самиот се рекламира како „неприкосновен лидер во ТВ индустријата“ во земјава, со удел од над една третина на телевизискиот пазар или близу 150.000 домаќинства претплатени на содржините на МаксТВ. Притоа, и во најкризните години, компанијата прави милионски профити од своите корисници: лани, во 2021 година, оперативната добивка им е зголемена за 7,2% во споредба со 2020, па приходите им се искачија на 11.216.000.000 денари. Годинава и тоа ќе го дуплираат, бидејќи кризата е двојно поголема. Сега агресивно ни нудат и 5Г мрежа – додуша, далеку од функционална за обичните претплатници – за да може пропагандата што поквалитетно да се стрима и на мобилните телефони на нивните еден милион и двеста илјади македонски корисници (речиси 50% од пазарот на мобилната телефонија во земјава).

А, во Одборот на директори на „Македонски Телеком“ врие од високи политичари од власта на СДСМ и ДУИ: претседател е струмичанецот Зоран Китанов, до неодамна директор на ЈП за Државни патишта, кому му „секундираат“ од бившиот министер, липковскиот „водоинсталатер“ Садула Дураки, преку бившата министерка за финансии и  потпретседателка на СДСМ Нина Ангеловска, до каратиската и поранешна директорка на Клиничкиот центар во Скопје, Шкодране Дарлишта… и уште десетина други. Тие само се таму за да вработат што повеќе партиски кадар во компанијата, оти така најдобро го штитат државниот интерес на Македонија.

Се прашувам каква смисла има да протеруваме „гроздови“ од руски дипломати за недозволени активности во државава, кога проруската инсталација во Македонија си функционира беспрекорно и без особен напор на режимот на Путин? Нормално, платена од парите на македонските граѓани.

Очигледно, информативниот пристап на „Маѓар Телеком“ победува пред вредностите на „Дојче Телеком“ во земјава.

А, би било пристојно Владата на премиерот Димитар Ковачевски не да им побара оставки, туку со една одлука да го смени целиот „македонски“ дел од директоратот на „Македонски телеком“ (за другите, на чело со директорот на Телеком Никола Љушев, нека си се секираат Германците) и да именува нови луѓе кои подобро ќе се грижат за заштита на националните, јавни интереси, а не само на компаниските профити од кои дел зема и македонската држава. Владата секојдневно се брука со својата дволична меѓународна политика во НАТО и поддршката што, наводно, безрезервно официјално ѝ ја даваме на Украина.

И потоа се чудиме зошто Вучиќ и Путин, кои секојдневно по дома ни излегуваат од „фрижидерот“ на МаксТВ, имаат повисок рејтинг во овдешната јавност од сите македонско-албански и други политичари – заедно! Или зошто матурскиот музички репертоар и оваа пролет ќе биде составен од две третини срча-до-колена српска кафеанска фолк-музика.

Тоа е.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ