• Latest

Се подобруваат трговската размена и севкупните односи меѓу Македонија и Бугарија

February 18, 2018
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се подобруваат трговската размена и севкупните односи меѓу Македонија и Бугарија

February 18, 2018 08:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Трговската размена меѓу Македонија и Бугарија е значително порасната по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, оценија претседателите Ѓорге Иванов и Румен Радев по вчерашната средба во Скопје со претставниците на стопанските комори на двете земји.

Тие порачаа дека  Македонија и Бугарија треба да имаат поуспешна бизнис соработка, подобра инфраструктура, повеќе проекти, поголема размена на стоки и на луѓе и многу подобра комуникација на сите нивоа.

Иванов истака дека довербата меѓу двете земји е на високо ниво, а е во полза на Македонија бидејќи се случува во време кога Бугарија претседава со Европскиот совет.

Бугарскиот претседател потенцира дека е многу важно што побрзо Македонија да стане членка на НАТО, а странските инвестици мора да доаѓаат во секоја средина, со помала или поголема безбедност.

– Веќе има шанса во рамките на нашето претседателство со ЕУ Република Македонија да добие покана за членство. За да ги убедиме нашите партнери да ја дадат таа покана ние треба да покажеме дека Бугарија и Македонија можат да работат заедно, рече Радев. Смета дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка треба да заживее, а не да остане само на хартија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трговската размена меѓу Македонија и Бугарија во 2017 година изнесуваше 664 милони долари што е раст од 19,3 отсто во споредба со претходната година.

На средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, Радев ја поздрави ратификацијата на Договорот во Собранието на Република Македонија како важен политички чин и државничко однесување и нагласи дека поддршката на активностите од неговото спроведување треба да бележи континуитет и во иднина.

– Договорот отвора нови димензии за евроатлантската перспектива на земјата, и во тој контекст, од особено значење е продолжувањето и интензивирањето на соработката меѓу двата парламента, поконкретно преку групите за соработка и преку парламентарните комисии за европски прашања, надворешна политика и одбрана, посочи Радев.

Претседателот Радев заедно со митрополитот Пловдивски г. Николај и митрополитот Старозагорски г. Кипријан, придружувани од митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, го посети манастирот Свети Јован Крстител, попознат како Бигорски манастир.

Игуменот на Бигорскиот манастир архимадрит Партениј му порача на Радев дека е прв претседател на друга држава што ја посетил илјадалетната Бигорска обител и оти тоа не е случајно.

– Ние цврсто веруваме дека оваа посета е јасен показател дека најблискиот ни бугарски народ и неговоата власт ќе продолжат како и досега да ја поддржуваат целовитоста, напредокот и благоуспевањето на Република Македонија и нејзините жители, не само на внатрешно, туку и на надворешно поле. Таквата несебична поддршка, во иднина ќе покаже уште појасно кои се вистинските пријатели и браќа на македонскиот народ и неговата држава, рече архимадрит Партениј.

Тој им се заблагодари и на патријархот Неофит и на Синодот на Бугарската православна црква што испратиле свои претставници кај нив и додаде дека се надева оти Охридската архиепископија, во годината кога го празнува своето илјадалетие, ќе го доживее своето признавање и ќе го добие местото во семејството на помесните православни цркви, со посебен Томос од „Мајката на сите цркви“, светата Вселенска патријаршија, како што налага божествениот црковен ред.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БугаријадобрососедствоДоговорМакедонијапосетасоработка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ