Шумски пожар се шири во руралните делови на централна Калифорнија, чии размери се зголемија трипати поради ветрот. Властите наложија задолжителна евакуација, бидејќи се загрозени околу стотина куќи.
Огнената стихија, која беснее од неделата попладне, уништи 11 квадратни километри во малиот град Бишоп, што се наоѓа на источните падини на Сиера Невада, во област погодна за риболов, лов и планинарење.
Најмалку 400 пожарникари во моментов се борат со огнот северно од тој некогашен рударски град.
Властите соопштија дека и натаму се очекуваат ветровити услови, кој го попречуваат гаснењето на огнот.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.