• Latest
Фото: VoA

САД со 40 милијарди долари помош за Украина, време е регионот да се „спакува“ како инвестициски потенцијал, и Абазовиќ за Отворен Балкан

May 11, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

САД со 40 милијарди долари помош за Украина, време е регионот да се „спакува“ како инвестициски потенцијал, и Абазовиќ за Отворен Балкан

May 11, 2022 16:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: VoA

Фото: VoA

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претставничкиот дом на САД го усвои нацрт-законот за распределба на 40 милијарди долари за поддршка на Украина

Долниот дом на американскиот Конгрес го усвои нацрт-законот H.R. 7691, кој предвидува дополнителна распределба од околу 40 милијарди долари за одговор на руската агресија врз Украина. Документот доби поддршка од 368 законодавци, а 57 се против. Предлог-законот сега ќе биде доставен до Сенатот

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеав: Време е регионот да си го „спакуваме” и како инвестициски потенцијал. За да ги донесеме големите играчи треба да и ние да играме поголема игра. Западен Балкан има огромни потенцијали за создавање енергија од обновливи извори на енергија, имаме многу сонце, ветер и вода.

Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“, истакна поранешниот премиер Зоран Заев на Сараево Бизнис Форумот.

ПРАВА НА ДЕЦАТА

ЕК предложи закон за борба против сексуалната злоупотреба на деца на Интернет

Европската комисија предложи нова стратегија за побезбеден интернет за децата и објави предлог за регулатива за заштита на децата од сексуална злоупотреба. Во стратегијата, Комисијата најави дека ќе го олесни развојот на код на Унијата за дизајн соодветен на возраста и ќе побара европски стандард за проверка на возраста на интернет до 2024 година.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Рускиот претседател Владимир Путин ја деградирал ФСБ поради неуспесите во првата фаза од офанзивата во Украина, а командата да раководи со разузнавачките операции на терен и е доделена на руската шпионска служба ГРУ, објавува денеска лондонскиот весник „Телеграф

Комесарот за човекови права на Врховната Рада, Људмила Денисова, преку Телеграм упати апел до ОН и Црвениот крст да ги преземат сите мерки во согласност со нивните мандати за евакуација на ранетите војници од фабриката за челик Азовстал во безбедни региони во Украина

Денес, специјална група меѓународни експерти со која претседаваа Мајкл Мекфол и Андриј Јермак предложија патоказ за енергетски санкции. Ова е детален документ кој опишува што треба да се направи за да и биде навистина тешко на Русија да ја финансира оваа војна, но во исто време – за глобалната економија да не трпи загуби поради ограничувањата на руските енергетски ресурси. Станува збор за рационално изготвен документ и веќе е почната работа на негова имплементација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОТВОРЕН БАЛКАН Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.Тој за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека „Отворен Балкан“ е осмислен да опфати шест земји од Западен Балкан и оцени дека Косово би имало најголема корист од учеството во иницијативата.

ГАС Република Северна Македонија не се снабдува со природен гас од гасоводот што поминува низ Украина и оттука нема простор за грижа дека ќе има недостиг од овој енергенс, изјави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа по информациите дека Русија испорачува помалку природен гас преку Украина кон Европа.

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ  Министерката Тренчевска рече унапредувањето на работничките права во изминатиот период бележи значителен прогрес, пред се благодарение на дијалогот со социјалните партнери во напорите да се постигне унапредување на состојбите во сите сегменти од областа на трудот.

РАБОТНИЧКИ ПРАВА Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со интезивна работа на новиот закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество. Од Министерството очекуваат нацрт-верзијата да биде готова пред започнувањето на годишните одмори, а веднаш по нивното завршување да се отвори широка јавна дебата

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Надлежните институции, граѓанските организации и медиумите да работат повеќе на промовирање на мултикултурализмот во земјата

Претставници на  ЦИВИЛ -Центар за слобода на 4 мај се сретнаа со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. На средбата, екипата на ЦИВИЛ ги претстави активностите на организацијата што се однесуваат на мултикултурализмот, недискриминацијата и еднаковста по сите основи, како и согледувањата, заклучоците и препораките за стратегијата „Едно општество за сите“.

МУЛТИКУЛТУРА

Иво Ранѓеловиќ за ЦИВИЛ Медиа говори за мултикурализмот и различностите.

ИНТЕРВЈУ 

Јорданов: Квалитетот е тоа што нè разликува а не припадноста

Со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов во рамки на Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ на ЦИВИЛ, разговараме на повеќе прашања поврзани со меѓуетничката состојба во Северна Македонија, недискриминацијата, промоција на европските вредности и што треба да содржи новата тригодишна Стратегија „Едно општество за сите“. Разговорот е снимен на 04 мај 2022 година.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Муратов: Најслеп е тој што не сака да ја види вистината

Антизападните (проруските) пропагандисти ја користат секоја ситуација за ширење пропаганда, лажни вести и дезинформации со цел да се разниша довербата во институциите, во европските вредности и Европа, како и против НАТО Алијансата, истакна Дехран Муратов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Оливер Белопета – еден живот, една епопеја, еден скопски фест, еден оф фест. Цели 40 години тука во Скопје многу џез, многу светска музика, многу странски и домашни ѕвезди, музички автори, изведувачи, вокали. И сето во оваа наша мала балканска партиска касаба на која тој и неговите секоја година ни донираат тони култура, тони нова енергија, свеж здив за сепак да нè има.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Првичните реакции на „братските“ православни кругови на оваа одлука на Цариград се предвидливи и се движат од медиумските коментари дека е тоа „забивање нож в грбот“ на Бугарската Православна Црква, преку ставот на Руската Православна Црква дека за неа во Македонија постои само Српската Православна Црква, до грчката проценка дека се работи за „шах-мат“ на Вселенскиот Патријарх за српско-руските планови на Балканот, но и загадочниот првичен официјален молк имено на СПЦ по повод настанот – што е необично позитивен знак кога е СПЦ во прашање! Треба да се очекува дека и сите што сега молчат ќе си го кажат наскоро своето. Бидејќи, ако и кога ќе дојде прашањето за евентуалното официјализирање на црковниот томос – име, статус, јурисдикција и сл. – за автокефалноста на МПЦ-ОА, веројатно ќе излезат проблеми на виделина што сега и не мора да се очигледни, пишува Сашо Орданоски во новата колумна „Имало Господ и за нашата Црква!“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ