ВЕСТ НА ДЕНОТ
Претставничкиот дом на САД го усвои нацрт-законот за распределба на 40 милијарди долари за поддршка на Украина
Долниот дом на американскиот Конгрес го усвои нацрт-законот H.R. 7691, кој предвидува дополнителна распределба од околу 40 милијарди долари за одговор на руската агресија врз Украина. Документот доби поддршка од 368 законодавци, а 57 се против. Предлог-законот сега ќе биде доставен до Сенатот
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Тоа подразбира инвестиции во големи стратешки и инфраструктурни проекти, а денес тоа го можат големи и глобални инвеститори. Нашите држави може да се конкурентни за вакви проекти само ако се здружиме и ако настапуваме како регион. На тој начин недостатоците ќе исчезнат, придобивките ќе пораснат“, истакна поранешниот премиер Зоран Заев на Сараево Бизнис Форумот.
ПРАВА НА ДЕЦАТА
ЕК предложи закон за борба против сексуалната злоупотреба на деца на Интернет
Европската комисија предложи нова стратегија за побезбеден интернет за децата и објави предлог за регулатива за заштита на децата од сексуална злоупотреба. Во стратегијата, Комисијата најави дека ќе го олесни развојот на код на Унијата за дизајн соодветен на возраста и ќе побара европски стандард за проверка на возраста на интернет до 2024 година.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Рускиот претседател Владимир Путин ја деградирал ФСБ поради неуспесите во првата фаза од офанзивата во Украина, а командата да раководи со разузнавачките операции на терен и е доделена на руската шпионска служба ГРУ, објавува денеска лондонскиот весник „Телеграф
Комесарот за човекови права на Врховната Рада, Људмила Денисова, преку Телеграм упати апел до ОН и Црвениот крст да ги преземат сите мерки во согласност со нивните мандати за евакуација на ранетите војници од фабриката за челик Азовстал во безбедни региони во Украина
Денес, специјална група меѓународни експерти со која претседаваа Мајкл Мекфол и Андриј Јермак предложија патоказ за енергетски санкции. Ова е детален документ кој опишува што треба да се направи за да и биде навистина тешко на Русија да ја финансира оваа војна, но во исто време – за глобалната економија да не трпи загуби поради ограничувањата на руските енергетски ресурси. Станува збор за рационално изготвен документ и веќе е почната работа на негова имплементација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ОТВОРЕН БАЛКАН Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.Тој за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека „Отворен Балкан“ е осмислен да опфати шест земји од Западен Балкан и оцени дека Косово би имало најголема корист од учеството во иницијативата.
ГАС Република Северна Македонија не се снабдува со природен гас од гасоводот што поминува низ Украина и оттука нема простор за грижа дека ќе има недостиг од овој енергенс, изјави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа по информациите дека Русија испорачува помалку природен гас преку Украина кон Европа.
СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ Министерката Тренчевска рече унапредувањето на работничките права во изминатиот период бележи значителен прогрес, пред се благодарение на дијалогот со социјалните партнери во напорите да се постигне унапредување на состојбите во сите сегменти од областа на трудот.
РАБОТНИЧКИ ПРАВА Министерството за труд и социјална политика од денеска започнува со интезивна работа на новиот закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество. Од Министерството очекуваат нацрт-верзијата да биде готова пред започнувањето на годишните одмори, а веднаш по нивното завршување да се отвори широка јавна дебата
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Претставници на ЦИВИЛ -Центар за слобода на 4 мај се сретнаа со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. На средбата, екипата на ЦИВИЛ ги претстави активностите на организацијата што се однесуваат на мултикултурализмот, недискриминацијата и еднаковста по сите основи, како и согледувањата, заклучоците и препораките за стратегијата „Едно општество за сите“.
МУЛТИКУЛТУРА
Иво Ранѓеловиќ за ЦИВИЛ Медиа говори за мултикурализмот и различностите.
ИНТЕРВЈУ
Јорданов: Квалитетот е тоа што нè разликува а не припадноста
Со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов во рамки на Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“ на ЦИВИЛ, разговараме на повеќе прашања поврзани со меѓуетничката состојба во Северна Македонија, недискриминацијата, промоција на европските вредности и што треба да содржи новата тригодишна Стратегија „Едно општество за сите“. Разговорот е снимен на 04 мај 2022 година.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Муратов: Најслеп е тој што не сака да ја види вистината
Антизападните (проруските) пропагандисти ја користат секоја ситуација за ширење пропаганда, лажни вести и дезинформации со цел да се разниша довербата во институциите, во европските вредности и Европа, како и против НАТО Алијансата, истакна Дехран Муратов, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.
ДИСТРИКТ
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Оливер Белопета – еден живот, една епопеја, еден скопски фест, еден оф фест. Цели 40 години тука во Скопје многу џез, многу светска музика, многу странски и домашни ѕвезди, музички автори, изведувачи, вокали. И сето во оваа наша мала балканска партиска касаба на која тој и неговите секоја година ни донираат тони култура, тони нова енергија, свеж здив за сепак да нè има.
СЛОБОДНА ЗОНА
Првичните реакции на „братските“ православни кругови на оваа одлука на Цариград се предвидливи и се движат од медиумските коментари дека е тоа „забивање нож в грбот“ на Бугарската Православна Црква, преку ставот на Руската Православна Црква дека за неа во Македонија постои само Српската Православна Црква, до грчката проценка дека се работи за „шах-мат“ на Вселенскиот Патријарх за српско-руските планови на Балканот, но и загадочниот првичен официјален молк имено на СПЦ по повод настанот – што е необично позитивен знак кога е СПЦ во прашање! Треба да се очекува дека и сите што сега молчат ќе си го кажат наскоро своето. Бидејќи, ако и кога ќе дојде прашањето за евентуалното официјализирање на црковниот томос – име, статус, јурисдикција и сл. – за автокефалноста на МПЦ-ОА, веројатно ќе излезат проблеми на виделина што сега и не мора да се очигледни, пишува Сашо Орданоски во новата колумна „Имало Господ и за нашата Црква!“
Д.Мишев