• Latest

Сали: Во претстојната година нашиот фокус ќе биде на третманот на ретките болести

January 10, 2023
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Сали: Во претстојната година нашиот фокус ќе биде на третманот на ретките болести

January 10, 2023 13:27
in ЗДРАВСТВО, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ покани бројни јавни личности да учествуваат на годишниот настан „Перспективи 2023“ со изјави за свои видувања на изминатата година и перспективите за претстојната. Меѓу бројните релевантни личности што се одзваа на поканата е и министерот за здраство Беким Сали, кој во своите одговори за ЦИВИЛ Медиа се осврнува на главните случувања од изминатата година, и свое гледиште за тоа како ќе изгледа 2023 година на политичко, економско и општествено ниво.

ЦИВИЛ : Како ќе ја оцените годината што изминува?

Сали: Во однос на прашањето како би ја оценил годината што изминува, секако дека секогаш може повеќе да се реализира и постојано се стремиме кон подобро, но тоа што може со сигурност да кажам е дека вложивме максимални заложби за унапредување на здравствениот систем и реализиравме бројни инвестиции во нова медицинска опрема, подобрување на инфраструктурата, како и кадровско зајакнување.

Меѓу позначајните инвестиции би издвоил зајакнување со нова опрема за дијагностика во 12 јавни здравствени установи низ државата, веќе е во тек инсталација на опремата и тоа е голем чекор напред за унапредување на дијагностиката.

На Клиниката за радиотерапија и онкологија ставивме во функција нов линеарен ацелератор за пациентите со малигни заболувања, а обезбедивме и нови ангиографи за повеќе јавни здравствени установи. Нова магнетна резонанца првпат се обезбеди и за прилепската болница, а пуштивме во употреба и нов компјутерски томограф во Кавадарци.

Исто така, од аспект на дијагностика, сакам да истакнам дека од 1 ноември продолжи националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка.  Жените од возрасната група од 45 до 69 години се опфатени во националната скрининг програма. Паралелно со тоа, успешно се спроведува и скринингот за рано откривање рак на грло на матката, со бесплатен гинеколошки преглед и ПАП тест кај матичниот гинеколог за жените на возраст од 21 до 59 години, кои во последните три години немаат направено ваков преглед.

Паралелно со ова, со новата Програма за специјализации и супспецијализации овозможуваме долгорочно зајакнување на повеќе различни специјалистички гранки, а исто така со цел професионално доусовршување на кадарот, првпат се овозможи доктори и професори од Државниот универзитет Тетово и Клиничката болница Тетово да менторираат и едуцираат медицински кадар во седум различни области на специјализација.

Обезбедивме нови осум овластувања за специјализација на Медицинскиот факултет при ДУТ, од областите гинекологија, педијатрија, психијатрија, кардиологија, општа хирургија, интерна медицина и урологија, а претходно првпат воведовме програма за специјализација по семејна медицина на овој факултет.

Изминатата година ја одбележа и историски успех во здравството, а тоа беше првата трансплантација на црн дроб, со која се вброивме меѓу светските здравствени системи кои успешно ја вршат оваа трансплантација.

ЦИВИЛ: Кои се перспективите во претстојната година?

Сали: Во однос на прашањето за перспективите за претстојната година, продолжуваме со несмалено темпо да вложуваме во сите сегменти на здравствениот систем. Токму новата година ја почнавме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, така што продолжува трансплантацијата како успешна приказна.

Во претстојната година фокус ќе ставиме и на третманот на ретките болести, имајќи предвид дека буџетот за оваа намена е значително зголемен и тоа од 560 милиони денари во 2022 година на 878 милиони денари за 2023 година.

Исто така, посветени сме и на процесот на проширување на позитивната листа на лекови која не е ревидирана повеќе години. За таа цел, изготвивме нов предлог правилник за проширување на позитивната листа кој беше предмет на јавна дебата од стручната јавност, што заврши минатиот месец, по што следеше период на инкорпорирање на предложените сугестии и стручните мислења и очекуваме во најкраток рок, најверојатно до крај на јануари да се финализира правилникот, а потоа тој да стапи на сила. Процедурата за проширување на позитивната листа ќе биде согласно европските практики.

Посебно сакам да потенцирам дека со обезбедување нова опрема за повеќе установи низ државата, го растоваруваме терциерното здравство, а тоа е во насока и на нашата тенденција за регионализација на здравствените услуги. Веќе е изготвен идејниот концепт за изградба на нов Клинички центар, со цел клиниките да се посветат исклучиво на терциерната здравствена заштита, а со регионализацијата пациентите што е можно поголем дел од здравствените услуги да ги добиваат поблиску до местото на живеење.


Извор: CivilMedia | Оваа содржина е дел од серијата панел дискусии на ЦИВИЛ и мултитематски медиумски прилози, ставови и анализи под заеднички наслов Перспективи 2023. Дозволено е преземање според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: Беким СалиДУТМедицинскиот факултетМинистерство за здравство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ