• Latest

Сали за ЦИВИЛ Медиа: Во обезбедување на терапија за пациентите со цистична фиброза се вклучуваат двајца министри

January 31, 2023
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Сали за ЦИВИЛ Медиа: Во обезбедување на терапија за пациентите со цистична фиброза се вклучуваат двајца министри

January 31, 2023 15:00
in ЗДРАВСТВО, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пациентите со цистична фиброза во Северна Македонија сè уште чекаат современа модулаторна терапија, а од друга страна Министерот за здравство Беким Сали уверува дека решение на проблемот ќе се најде.

 

Тој ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа вели дека веќе е вклучен во ова процедура, која во нормални услови би требало клиниките да ја обезбедат, но поради доцнење на терапијата мора да се вклучат двајца министри во обезбедување на терапијата.

Фото/ Министерот за здравство на Р.С Македонија, Беким Сали

„Проблемот со цистична фиброза се трудиме да го решиме на начин кој што ние како Министерство за здравство се вклучуваме во разговори со Министерството за финансии, секако и со Фондот за здравствено осигурување. Во нормални услови, тоа би требало да биде предмет на разговори и дискусии и договор помеѓу клиниките за педијатрија и пулмологија, за обезбедување буџет за терапија на пациенти кои што имаат дијагноза на цистична фиброза“, истакна Сали.

Според него, се работи за болест која пред пред неколку години се сметала за ретка, но со тек на времето бројот на пациенти е зголемен околу 150, што ја надминува границата на група на пациенти кои се третират во Министерство за здравство како програма за ретка болест и преминува во делот на финанцирање од страна на Фондот за здравствено осигурување. И во период на формирање на буџети за 2023 година би требало да бидат обезбедени средствата за ова терапија, меѓутоа, според Сали, „увидовме дека при формирање на буџетите односно договарање на буџет за ова година не било предвидено и терапија за овие пациенти“.

Министерот Сали вели дека веќе стапиле во контакт со претставник од компанијата што ја произведува ова терапија.

„Се работи за лек што е единствен, и единствен производител кој ни дава можност да преминеме кон директна комуникација со претставници на компанијта за да обезбедиме подобра цена за терапијата. Се работи за многу скапа терапија, каде првичните информации велат дека годишната терапија изнесува 250 илјади евра за еден пациент“, истакна меѓу другото Сали.

Сали: Договоривме со клиниките да направат регистар на пациенти со дијагноза на цистична фиброза

„Ние во комуникација со директорите на клиниката за детски болести и за пулмологија договоривме да направат регистар на пациенти дијагностицирани со цистична фиброза, рече Сали во изјава за ЦИВИЛ Медиа.

Тој рече дека според некои критериуми ќе треба да се определи која група на пациенти се индицирани да ја примат Трикафтата. „Секако во исчекување сме на таа листа на пациенти за колку пациенти се работи за да можеме да договараме и преговараме со Министерството за финанции и Фондот за здравствено осигурување да обезбедиме терапија“.

Тој истакна дека пациентите во ниту еден начин нема да останат без терапија.

„Досега овие пациенти биле третирани со симптоматска терапија кој што секако најдобро решение во овие услови досега како што функсионират клиниките. Меѓутоа со појава на нова терапија иновативна сметаме дека потребата за внесување во таква терапија ќе треба да ја кажат самите професори кои што ги третират овие пациенти“.

Министерот за здравство Беким Сали вчера во рамките на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ оддржа говор на панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата, новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година.

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада ќе одржи протест со почеток во 12:00 часот.

„Борбата продолжува со надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Борбата продолжува со надеж дека ЦФ ќе значи Целосно Функционални наместо Цистична Фиброза“– велат од Асоцијацијата.

Тие пред неполн месец, на 26-ти декември излегоа на протест пред министерството за здравство. „За бифтеци има, за лек нема“, „Наше право за лек е ваша обврска“ беа дел од транспарентите на тој протест.

Назми Абдурахмани

Камера и фотографија: Александар Ризински

Монтажа: Ариан Мехмети

Tags: Беким Салицистична фиброза
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ