• Latest

Само задоволна полиција може да ја гарантира безбедноста на државата

April 15, 2018
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Само задоволна полиција може да ја гарантира безбедноста на државата

April 15, 2018 13:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за внатрешни работи, како што информираат оттаму, во тек се сериозни реформи, кои имаат за цел да го вратат угледот на Министерството и да ја вратат довербата кај граѓаните.– Актуелното раководство на МВР ги презема неопходните мерки за надминување на состојбите кои ги затекна во Министерството, како недостиг од опрема и униформи за полицијата, несоодветна кадровска поставеност односно лица со несоодветно образование на раководни позиции, објекти на полицијата во исклучително лоша состојба, заостанати долгови кон домашни и странски компании, негативни оценки за партизација и политизација…, се наведува во соопштението од МВР.

Ставот на раководството на МВР, како што е посочено, е дека само задоволна и мотивирана полиција и вработени можат да ја гарантираат безбедноста на државата и сигурноста на граѓаните. Токму затоа, се вложува многу за реализација на проекти за подобрување на работните услови. Се набавувааат нови униформи за полициските службеници, се реновираат полициските станици, во тек се постапки за набавка на опрема која ќе им служи на полициските службеници.

– Свесни за несоодветното однесување на вработените, кое во минатото не само што било толерирано, туку и поттикнувано, превземени се сериозни активности за зајакнување на капацитетите на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и отпочнување со проект за воспоставување на надворешен независен механизам за контрола. Започнавме и реформа на системот на следење на комуникациите. На предлог на Министерството, на УБК ѝ се одзеде посредничката улога за прислушкувањето, со чија помош изминатиот период беше направена најголемата, историска злоупотреба на оваа институција. Со цел ограничување на употребата на средствата за присилба кои можат да се употребат спрема група, како што се физичка сила; полициска палка; електричен парализатор; хемиски средства; гумен пиштол; службени кучиња; специјални возила за јавен ред и мир и пиротехничко-експлозивни средства, беа усвоени и измени на Законот за полиција со кои се надминаа недореченостите во поглед на дискреционото право на полициските службеници за примената на средствата за присилба и се прецизира рангот на полициски службеник кој ја одобрува употребата на овие средства, се вели во соопштението.

Во периодот што следи, како што истакнуваат од ресорното Министерство, ќе се работи на зајакнување на капацитетите за борба против организираниот криминал и корупција, како и зајакнување на капацитетите за справување со тероризам и насилниот радикализам. Ќе почнеме и со реформа на УБК, со цел Управата да се деполитизира и да ја врати својата суштинска задача, а тоа е контраразузнавањето во интерес на државата.

Во наредниот период акцент ќе биде ставен и на воведување на позорната служба во што е можно поголем број градови во државата. Полицијата да биде вистински сервис на граѓаните.

– Проектот за т.н. маалски полицаец почна со имплементација во Куманово, каде има 70 позорникари кои покриваат 17 реони и веќе ги дава соодветните резултати. Позорната служба има исклучително значење во делот на превентивното работење, зближување со граѓаните, познавањето на средината во која работи позорникарот и градење на врската полицаец-граѓанин. Можноста за правовремено информирање, познавањето на средината и околностите, можноста за постојана комуникација со граѓаните, се атрибути што од позорникарството прават неопходен инструмент што многу ги олеснува натамошните фази од полициските постапки, независно за која од областите на криминалитет станува збор. Веќе се завршени сите неопходни подготовки и овој проект многу скоро ќе се имплементира во Кочани, Тетово, Гостивар и Кичево. Потоа ќе продолжиме со воведување на позорната служба во Штип, Струмица, Валандово, Гевгелија и други градови, се наведува во соопштението.

МВР во наредниот период внимание ќе посвети и на состојбата во сообраќајот, како во поглед на засилена превенција така и во поглед на санкционирање на граѓаните кои ги кршат сообраќајните правила и на тој начин ја загрозуваат и својата, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

– Набавени се нови 30 радари, 80 апарати за контрола на алкохол кај возачите, како и друга опрема што ќе се искористи за подобрување на безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од МВР.


Извор: МИА

Tags: безбедна државадовербазадоволна полицијаМВРреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ