Продемократските протести не попуштаат. И покрај тоа што е викенд, и е единаесетти ден на протестите, маса од неколку илјади демонстранти и денеска се собраа пред Специјалното јавно обвинителство, барајќи одговорност за криминалот, како и правда и демократија.
„Шарените“ револуционери тргнаа кон Уставниот суд, но беа спречени да дојдат до таму од силен кордон полицајци и оклопни возила, поставени на почетокот на мостот „Гоце Делчев“. Нивниот револт демонстрантите го изразија „фарбајќи“ ги двата лава поставени на почетокот на мостот.
По краток престој, масата се упати кон Владата на Република Македонија