• Latest

Шекеринска: МТВ мора да биде телевизија на сите граѓан(к)и!

July 27, 2016

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Шекеринска: МТВ мора да биде телевизија на сите граѓан(к)и!

July 27, 2016 17:10
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„МТВ не смее да е телевизија на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на која било друга партија“, е пораката што ја упати заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска 

„На Македонија и треба и поинаква политичка култура. Македонија не се политичките партии, ниту една, ниту четири, туку нејзините граѓани. И за нив, партиската држава во што се претвори Република Македонија е лоша држава. Затоа, сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промените во овој дел. Промените коишто сметаме дека треба да и се случат, ги започнуваме и ги започнавме и од себе“, изјави Шекеринска која упати повик за вклучување на професионалци во ад-хок телото кое треба да врши контрола врз работата на медиумите.

„СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад-хок телото коешто ќе врши контрола мониторинг на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период. Истиот повик го упатуваме и за делот на кандидати за главен и одговорен уредник на Македонската телевизија. Граѓаните имаат право да ја слушнат вистината, а не само партиски платени лаги“, рече Шекеринска.

Уште еднаш Шекеринска ја истакна потребата од фер и демократски избори, кои е невозможно да се спроведат доколку медиумите не известуваат објективно и професионално.

Во тој контекст, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во бројните извештаи и соопштенија кои се дел и од публикацијата „Слободни избори- услов за кој не се преговара“,  постојано ја посочува(ше) потребата од реформи во медиумската сфера, и по последниот меѓупартиски договор, изрази скепса дека реформите може да се спроведат во краток временски период.

„По ослободувањето на јавниот сервис МРТВ и по неминовното, опортунистичко-јагмаџиско конвертитство на сопствениците на досега строго контролираните национални медиуми – ‘спонзори’ на владејачките партии, паралелно со денфувањето на притисоците врз неколкуте преостанати продемократски медиуми, со сè пошироката бафер-зона на освестените и охрабрени граѓан(к)и, широчината на дефиницијата ‘кредибилни’, можеби, ќе опфати какви-такви избори. Но, по деценија организирано и во детали планирано масовно труење на јавноста за вистински демократски избори, на Македонија ќе ѝ биде неопходен долг период на демократска детоксикација“, напиша уредникот на ЦИВИЛ Медиа, напиша Синиша Станковиќ во својата анализа.

 

 

 

Tags: избориМакедонијаМедиумиМТВЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ