• Latest

Седница за гласање доверба на Владата

April 11, 2018

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Седница за гласање доверба на Владата

April 11, 2018 07:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 42. седница на која на дневен ред е барањето за гласање доверба на Владата поднесено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Во образложението на барањето потпишано од 41 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се наведува дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ во изминатиот период покажала дека нема капацитет за водење на институциите кои се под извршната власт.

„Оваа Влада наместо да се зафати со решавање на реалните потреби на граѓаните на Република Македонија, како што ветуваа во предизборието, работи исклучиво за остварување на партиските потреби и интереси“, се наведува во барањето за гласање недоверба.

Се обвинува дека во изминатите десет месеци владејачките партии заборавиле на предизборните партиски програми и ветувања кои ги дале пред граѓаните и не оствариле ниту еден единствен проект и реформа со кои ја бараа довербата од граѓаните.

Единствени проекти, како што стои, што Владата ги спроведе во изминатиот период се нагло партизирање на институциите, бркање од работа на професионалците од институциите и нивно деградирање, заробено судство, луксузирање на владините функционери со пари на граѓаните, политички реваншизам и слично.

Според ВМРО-ДПМНЕ, владиниот план „3-6-9“ доживеал тотален колапс и дебакл, притоа обвинувајќи дека Владата нема ни капацитет ни знаење да ги спроведе реформите. А со тоа, под знак прашалник ја ставила и препораката за членство во ЕУ.

Економските политики на Владата, ВМРО-ДПМНЕ ги оценува како катастрофални и погубни. Се критикуваат реформите во правосудството, работата на МВР, се обвинува за корупција, за партизација на Министерството за одбрана и Военото разузнавање, дека младите се вработуваат во странство и ја напуштаат државата…

ВМРО-ДПМНЕ во образложението и забележува на Владата дека ја запрела изградбата на веќе започнатите патишта од претходната Влада, а „во реалноста не можат да го пуштат во употреба ниту завршениот автопат Демир Капија – Смоквица“.

Земјоделците се заборавени, излажани и изманипулирани, а скандалозната Национална годишна програма на Министерството за култура за 2018 најдобро ја отсликуваат хаотичната состојба во која се наоѓа културата и Министерството.

Во образложението се критикува дека и покрај тоа што ветила, Владата без консултации со опозицијата, пратениците и претседателот врши класично распродавање и негрижа за прашањата од национален интерес. Како пример посочува на Договорот за Бугарија, со кој оваа земја, според нив, може да ја блокира евроатланската интеграција на Македонија. Владата, според опозициската партија нема никаква стратегија ниту градење на државен консензус во однос на спорот со името со Грција и прашањето за името.

Нема информации како ќе се одвива текот на седницата и каков ќе биде соодносот на обраќањата на пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство.

Според Деловникот за работа на Собранието по поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата.

Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути.

Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.

Извесно е дека опозициската партија нема да собере 61 глас за да се изгласа недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вчера апелираше до пратениците да гласаат за интересите на граѓаните, а не за партиските и за личните интереси и да го поддржат нивното барање.


Извор: МИА

Tags: владаВМРО-ДПМНЕгласањенедовербаСДСМСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ