Артан Груби во интервју на ТВ Сител запрашан на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори, доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот изјави дека за онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.
– Ние имаме многу јасен став и тоа го кажа и господинот Ахмети, а тоа е и во нашата програма, бараме претседателот да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство плус Бадентерово мнозинство што би обезбедило и општествен консензус што би можел да биде злоупотребен од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ заедно кои можат да ги надгласаат другите заедници затоа што заедно имаат 80 пратеници. Затоа, за да се обезбеди волјата и на другите заедници, наметнуваме решение со Бадентерово мнозинство. Тоа е условот за коалицирање во вториот круг ако Османи не влезе во вториот круг – рече Груби.
Од тимот за комуникации на претседателскиот кандидат и актуелен претседател на државата, Стево Пендаровски, преку соопштеие одговорија на прозивката од ВМРО-ДПМНЕ, „Пендаровски да каже дали го прифаќа условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на државата да се бира во Собранието“.
„Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?“, соопштија од тимот на Пендаровски.
Од ВМРО-ДПМНЕ претходно прашаа дали за Пендаровски е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг, потсетувајќи на изјвата на Артан Груби дека услов за коалиција и поддршка во втор круг е ДУИ да добие ветување за избор на претседателот на државата во Собранието од наредните избори. ОД ВМРО-ДПМНЕ овој услов на ДУИ го нарекоа уцена на Артан Груби.
Н. А.